Кога ќе помислите на некоја компанија за технологија, многу е голема шансата на помислите на компанија од САД. Сите поголеми играчи на ова поле, било дали се работи за хардвер или софтвер доаѓаат најчесто од САД и најдобар пример за тоа се Apple, Google, Facebook, Microsoft, Amazon итн. Но, за разлика од порано, кога просечниот американски купувач слепо веруваше на Apple, сега работите се сменети и ова не е најпопуларниот бренд за технологија во „земјата на можностите“.

Истражувањето за популарноста и довербата во компаниите кои се поврзани со технологија ја направи популарниот веб сајт The Verge, според кои најмоќниот американски бренд на светско ниво паѓа под Google и Amazon, особено на прашањата за тоа колку корисниците уживаат во продуктите на една компанија, дали би ги препорачале истите продукти на своите најблиски и воопшто, како ја перцепираат компанијата. Всушност, во последната категорија тие завршија и зад Microsoft!

Најинтересно од сѐ, за пасија, односно на прашањето за тоа дали се загрижени купувачите ако некоја од компаниите ја снема, тие биле најмалку загрижени за Apple, што е навистина интересен одговор. Исто така, за социјален импакт, тие се зад Google и Amazon, но пред Facebook и Microsoft.

Кога се ќе се собере, купувачите во САД најмногу веруваат на Amazon, компанија која вложува особено внимание за грижата на своите клиенти, константно подобрувајќи ги своите сервиси за купување и испорака на производите. Исто така, Amazon веќе е успешен и со своите хардверски уреди, а за Google веќе не треба да се споменува дека се интегрирани во секојдневниот живот на просечниот американец со сите свои сервиси и скоро секогаш исклучително успешно.

Извор: The Verge, Fortune

Претходна статијаMagic Leap набрзо ќе го лансира својот уред за холограми
Следна статијаПротече видео од U11 Plus, новиот знаменосец на HTC