Foto 1

Во Хрватска, поточно во Ријека и Загреб веќе месец дена се одржуваат 3-тите Европски Универзитетски игри – Универзијада во 21 спорт. Македонските каратистки во најтешката дисциплина – екипни борби, успеаја да го освојат бронзениот медал, прв во Македонската карате историја.

Медалот го освоија студентките на универзитетот св. Кирил и Методиј – Скопје, членки на Карате клубот Макпетрол од Скопје. За тимот настапија: Симона Заборска, Сара Радичевска, Наташа Стефановска и Моника Стефановска.

Исто така, во поединечна конкуренција голем успех постигна Симона Заборска која го освои сребрениот медал. Таа во финалето загуби од словачката каратистка Семеникова, на судијско изјаснување. Висок пласман оствари и Сара Радичевска која со 5:2 ја победи претставничката на Германија во борбата за третото место.

Селекторот Бошко Заборски ја даде следната изјава:  Многу сум среќен од постигнатиот успех. Успеавме да освоиме бронзен медал во најтешката дисциплина – екипни борби. Задоволството е поголемо бидејќи до патот до медалот моравме да победиме две Турски екипи со многу висок рејтинг составени од европски шампионки. Овој женски тим на секое првенство ги потврдува своите високи вредности. Тие сега имаат во својата богата ризница уште еден вреден медал, прв во Македонската карате историја. Исто така остваривме и висок пласман во поединечна конкуренција, каде што Симона Заборска го освои сребрениот, а Сара Радичевска бронзениот медал, со што каратистките на КК Макпетрол на Европската универзијада освоија вкупно 3 медали – два бронзени и еден сребрен медал.

Претходна статијаКако да отворите апликација или датотека директно во нов виртуелен десктоп на Windows 10?
Следна статијаClip-Air – авион-воз хибрид кој може да го револуционизира транспортот
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.