Новата iOS Академија е наменета за лица кои сакаат да навлезат во областа на iOS програмирањето и да станат iOS програмери. Со помош на оваа програма организирана од Семос Едукација и CodeWell, сите слушатели за краток временски период ќе бидат воведени во концептот, ресурсите, алатките и сервисите кои го сочинуваат светот на iOS девелоперот.

Преку 20 неделната Академија која стартува од септември, учесниците ќе научат да програмираат преку работа на реални продукти, ќе изработат мобилни апликации кои ќе служат како референца за нивното идно вработување и ќе ја лансираат својата нова кариера како програмери или ќе се унапредат во постоечките знаења. Учесниците самостојно ќе смислуваат иновативни решенија, а во исто време ќе бидат носители на процесот на градење комплетна и функционална iOS мобилна апликација.

Академијата е составена од 5 модули, и тоа: Вовед во основни математички функции на Swift; Вовед во iOS; Напредно изучување за структура на податоци и шеми во Swift; Градење поврзани iOS апликации; Во овој напреден модул студентите ќе научат како нивната изработена апликација да ја поврзат со интернет или да ја поврзат со друга апликација. До крајот на овој модул студентите ќе можат да направат едноставна апликација со комплексен UI интерфејс. Модул 5: Градење поврзани iOS апликации. Во овој финален модул студентите ќе се усовршат во изградбата на целосно функционална iOS апликација со сите детали и карактеристики што се предвидени.

По завршувањето на академијата, студентите ќе бидат подготвени да изработат целосно функционална iOS апликација како Chat app, Instagram/Tinder, клон на апликација која е веќе присутна на пазарот со напредни Frameworks и APIs или сопствена апликација со напредни функционалности.  Огромното практичното знаење стекнато од академијата ќе можат да го искористат за да започнат успешна кариера, ќе добијат шанса за пракса или вработување во Codewell или во некоја од реномираните IT компании кои се партнери на академијата.

„Во последниве години, програмирањето е меѓу најбараните професии во ИТ индустријата. Ние ја согледавме огромната побарувачка од кадар на iOS програмери, па оттука дојде идејата за создавање на iOS Академијата во соработка со CodeWell, една од првите компании кај нас специјализирана за изработка и развој на мобилни апликации. Веруваме дека здружената експертиза и заедничкиот тим поставија уникатна програма чија цел е да создаде квалитетни програмери кои ќе бидат веднаш апсорбирани од Codewell или од IT компаниите кои се партнери на академијата.“ – изјавија од Семос Едукација.

Предавачите на iOS академијата се признаени професионалци со долгогодишно искуство во програмирање и работа со комплексни системи од разни области во Македонија и странство. Главен инструктор на академијата e Мартин Анчевски, еден од основачите на компанијата CodeWell и главниот технички експерт заслужен за спроведување на многу успешни проекти. Неговото искуство и знаење го прават еден од најдобрите ментори на овие простори. Викторија Анчевска е лидер на тимот на iOS девелопери во CodeWell. Има големи познавања од ИТ технологиите, ги следи најновите iOS трендови и успешно ги имплементира во работата и проектите на CodeWell.

За потребите на оваа академија е обезбедена целосно опремена лабараторија со IOS development workstations со чија помош слушателите ќе работат на проектите. Предавањата се изведуваат на модерен и интерактивен начин, користејќи модерни информациски технологии, преку индивидуална и групна работа, практично менторство, како и интерактивни консултанти со предавања во текот на часовите.

На 27 јуни ќе се одржи отворен ден во просториите на CodeWell, каде сите заинтересирани ќе бидат во можност да се запознаат со програмата и новата опремена училница, а ќе има и отворена дискусија со предавачите. Пријавувањето е бесплатно на овој линк.

Уписите се во тек сега и со Early Bird цена до 17 јули, а повеќе информации за iOS програмата и начинот на аплицирање можете да прочитате на официјалната веб-страница на Семос Едукација.

Претходна статијаBalCannes: Најдобрата агенција од Регионот ќе оди во Кан
Следна статијаЛегендарнoто лого на Motorola полни 63 години