Елон Маск минатата недела преку својот Twitter профил објави дека планира да ја приватизира Tesla, најавувајќи дека веќе има обезбедено средства за истото. Цената по акција која според Маск ќе ја плати инвеститорот, кој остана непознато дали е тој лично или има договорено со други, беше најавена на 420 долари.

Повеќе информации после оваа најава не излегоа, освен најавата дека е можно инвестирање на фонд од Саудиска Арабија, но сепак целата работа остана нејасна.

Според група на инвеститори, Маск нема обезбедено средства за приватизирање на компанијата и објавата на Twitter според нив го има нарушено пазарот. Тие обвинуваат дека одредени инвеститори се оштетени поради ваква најава, па тие имаат поднесено тужба до него.

За овој случај се има заинтересирано и Комисијата за хартии од вредност на САД коишто го истражуваат случајот. Од Tesla немаат коментар на овој развој на настаните, па останува да видиме што е работата со најавата на Маск.

Инаку, по најавата на Маск на Twitter, вредноста на акциите на Tesla се зголеми и до 11% во одредени моменти, што не е малку, а посебно за инвеститорите кои имале одредени претходни планови.

Доколку Маск навистина нема обезбедено средства за приватизирање на компанијата, може да дојде и до кривични последици, а посебно по откривање на причината за објавата на неточната информација.

ИЗВОРBloomberg
ИЗВОР 2Cnet
Претходна статијаSamsung се’ уште планира да биде првиот производител кој ќе претстави смартфон со екран кој се превиткува
Следна статијаНеофицијално видео од Pixel 3 XL ги потврдува досегашните информации за него
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.