Компанијата Intel на саемот ISSCC одржан минатата недела во Сан Франциско, претстави прототип на графичка картичка која функционира на нов, попрактичен принцип. Тие покажаа дека веќе постоечката GPU од 9-тата генерација може уште поефикасно да функционира со новиот метод на менаџирање на електричниот напон.

Токму струјните кола, односно управувањето со електричната енергија на високи фреквенции е она кон што Intel е фокусиран. Од таму недвосмислено ја потенцираат нивната намера во блиска иднина да се натпреваруваат и на пазарот на графички картички. А принципите кои ги демонстрираа на саемот се темел врз кој ќе се потпира нивното производство.

Новиот графички процесор содржи 1 542 милијарди транзистори распределени во два чипа. Едниот од нив е практично процесирачката единица, додека другиот служи како т.н. FPGA. Иако се работи за прототип, основата на уредот е веќе постоечкиот GPU од 9-тата генерација. Она што е изменето е начинот на кој струјата циркулира низ него. Односно, со новиот принцип доаѓа до поефикасно искористување на енергијата, со што се добиваат и подобри перформанси.

Компанијата потенцираше дека уредот е потврда на теза, односно концепт, а не комерцијален продукт. Како таков, со сигурност би нашол широка примена, меѓутоа, Intel очигледно не се брза со влегувањето во конкуренција со компании како Nvidia и AMD.

ИЗВОРTechRadar
ИЗВОР 2Neowin
Претходна статијаSamsung го намалува производството на OLED екрани, поради лошиот пласман на iPhone X
Следна статијаПоранешен вработен во Tesla обвинува за намерно продавање на дефектни возила