Intel-Earnings-Q3-2015

Преглед на новостите:

  • Приход од 14.5 милијарди долари конзистентен со предвидувањето, бруто маржа од 63%, конзистентно со предвидувањето
  • Приходот е приближно рамен од година во година, со раст кај центрите за податоци, интернетот на нештата (IoT) и “non-volatile” мемории
  • Резултатите го покажуваат ентузијазмот на потрошувачите за Intel 6th Gen Intel® Core™ процесорите

САНТА КЛАРА, Калифорнија, 13-ти октомври, 2015 – Интел корпорацијата денес ги објави приходите во третиот квартал од 14.5 милијарди долари, оперативен приход од 4.2 милијарди долари, нето приход од 3.1 милијарди долари и заработувачка по акција од 64 центи. Компанијата заработила приближно 5.7 милијарди долари во готово од работењето, платени дивиденди од 1.1 милијарди долари, и и искористила 1 милијарда долари за повторно да купи 36 милиони акции на берзата.

“Работевме добро во третата четвртина и успеавме да оствариме солидни резултати во економски предизвикувачката околина”, изјави извршниот директор на Интел Брајан Крзанич. “Оваа четвртина ја демонстрираше иновацијата на Интел во акција. Потрошувачите се возбудени околу нашата нова шеста генерација на Intel Core процесори, ја претставивме нашата пионерска 3D Xpoint™ технологија, како и првата нова категорија за мемории по повеќе од две декади.“

Трендови во клучни бизнис сегменти во третата четвртина

  • Client Computing Group оствари приход од 8.5 милијарди долари, зголемување за 13 проценти секвенциално и намалување за 7 проценти од година во година
  • Data Center Group оствари приход од 4.1 милијарди долари, зголемување за 8 проценти секвенциално и зголемување за 12 проценти од година во година
  • Internet of Things Group оствари приход од 581 милиони долари, зголемување за 4 проценти секвенциално и зголемување за 10 проценти од година во година
  • Software and services оствари приход од 556 милиони долари, зголемување за 4 проценти секвенциално и рамно од година во година

Финансиска споредба

По квартали од година во година

Q3 2015 Q3 2014 vs. Q3 2014
Приход 14.5 милијарди долари 14.6 милијарди долари приближно рамен
Бруто маржа 63% 65% намалување 2.0 поени
R&D и MG&A 4.8 милијарди долари 4.8 милијарди долари рамно
Оперативна добивка 4.2 милијарди долари 4.5

милијарди долари

намалување 8%
Даночна стапка 26.9% 27.1% намалување 0.2 поени
Нето добивка 3.1 милијарди долари 3.3 милијарди долари намалување 6%
Заработувачка по акција 64 центи 66 центи намалување 3%
Финансиска споредба
По квартали секвенцијално
Q3 2015 Q2 2015 vs. Q2 2015
Приход 14.5 милијарди долари 13.2 милијарди долари зголемување 10%
Бруто маржа 63% 62.5% зголемување 0.5 поени
R&D и MG&A 4.8 милијарди долари 5.0 милијарди долари намалување 4%
Оперативна добивка 4.2 милијарди долари 2.9милијарди долари зголемување 45%
Даночна стапка 26.9% 9.3% зголемување 17.6 поени
Нето добивка 3.1 милијарди долари 2.7 милијарди долари зголемување 15%
Заработувачка по акција 64 центи 55 центи зголемување 16%

Деловна перспектива

Деловната перспектива на Интел не ги вклучува потенцијалните влијанија од какви било деловни комбинации, стекнување на средства, продажби или други инвестиции што можат да се извршат по 13-ти октомври.

Q4 2015

  • Приход: 14.8 милијарди долари, плус или минус 500 милиони долари.
  • Процент на бруто маржа: 62 проценти, плус или минус неколку процентни поени.
  • Потрошувачка за истражување и развој (R&D) заедно со здружување и стекнување (MG&A): приближно 5 милијарди долари.
  • Трошоци за реструктурирање: приближно 25 милиони долари.
  • Амортизација на нематеријалните средства поврзани со стекнување: приближно 70 милиони долари.
  • Влијание на капитални инвестиции, камати и останато: приближно нула
  • Депрецијација: приближно 1.9 милијарди долари.
  • Даночна стапка: приближно 25 проценти.
  • Капитална потрошувачка за целата година: 7.3 милијарди долари, плус или минус 500 милиони долари.

За дополнителни информации за деловната перспектива на Интел, погледнете го коментарот на главниот финансиски директор на веб-страницата: www.intc.com/results.cfm.

Статус на деловната перспектива

Деловната перспектива на Интел може да се најде на intc.com и може да се повторува на јавни или приватни состаноци со инвеститори и други. Деловната перспектива ќе биде ефективна до завршувањето на деловното работење, 11-ти декември освен ако не се ажурира порано; со исклучок на деловната перспектива за амортизацијата на нематеријални срества поврзани со стекнување, влијанието на капиталните инвестиции, камата и останато и даночната стапка, кои ќе бидат ефективни само до завршувањето на деловното работење на 20-ти октомври. Таканаречениот тивок период на Интел ќе започне на 11-ти декември до објавувањето на заработувачката за третиот квартал, кое е закажано за 14-ти јануари. Во текот на тивкиот период, сите деловни перспективи и други изјави кои се однесуваат на иднината објавени во објавите за новинарите и финансиските извештаи треба да се сметаат за минати, од гледна точка пред тивкиот период и кои не се ажурирани од страна на компанијата.

Фактори на ризик

Горенаведените искази и сите други во овој документ кои се однесуваат на плановите и очекувањата за четвртиот квартал, за годината и во иднина се далекусежни изјави кои вклучуваат голем број на ризици и неизвесности. Зборови како што се “предвидува“, “очекува“, “има намера“, “планира“, “верува“, “има за цел“, “проценува“, “може“, “ќе“, “треба“ и нивните варијации се вбројуваат во далекусежни изјави. Извештаи кои се однесуваат или се базираат на проекции, неизвесни настани или претпоставки, исто така се идентификуваат како далекусежни извештаи. Многу фактори можат да влијаат на реалните резултати на Интел, и разлики од сегашните очекувања на Интел во врска со таквите фактори, можат да предизвикаат реалните резултати материјално да се разликуваат од оние изразени во овие делекусежни изјави. Според Интел следните фактори се важни и би можеле да предизвикаат резултатите материјално да се разликуваат од очекувањата на компанијата.

  • Побарувачката може да биде различна од очекувањата на Интел поради фактори кои вклучуваат промени во деловните и економски услови, вклучувајки ограничувања во снабдувањето и други пореметувања кои влијаат врз потрошувачите; прифаќањето од страна на потрошувачите на производите на Интел и на конкуренцијата; промени во порачките кои вклучуваат откажувања; како и промени во залихите на потрошувачите.
  • Процентот на бруто маржата на Интел може значително да отскокнува од очекувањата во зависност од искорисутвањето на капацитетите; варијациите во вреднувањето на залихите, вклучувајќи варијации поврзани со времетраењето на квалификацијата на производите за продажба; промените во приходите; мешањето на сегментите на производите; времетраењето и изведбата на производствената линија и трошоците околу истата; почетни трошоци; одвишок или непотребни залихи; промени во цените на единиците; дефекти или прекини во обезбедувањето материјали или ресурси; квалитет во производството. Варијациите кај бруто маржата можат да бидат предизвикани и од времето на претставување на производот од страна на Интел, вклучувајќи маркетинг трошоци и можноста на Интел брзо да одговори на технолошките достигнувања и да претстави нови опции во постоечки продукти, што може да резултира со реструктурирање и промени.
  • Резултатите на Интел би можеле да бидат погодени од лошите економски, социјални и физички/инфраструктурни околности во земји каде Интел, неговите клиенти или неговите добавувачи работат, вклучуваќи воен конфликт и други безбедносни ризици, природни катастрофи, нарушување на инфраструктурата, здравствени пречки и варирање на курсот на валутата. Резултатите можат да бидат афектирани и од формалното или неформално наметнување на нови регулативи од страна на државите за увоз/извоз или промени на постоечките регулативи што можат да се променат без претходно известување.
  • Интел работи во поле на интензивно конкурентни индустрии се карактеризираат со висок процент на трошоци кои се фиксни или тешки за намалување на краток рок.
  • Количината, времето и извршувањето на програмот за повторно купување на акции и дивиденди може да се промени во однос на користењето на готовина на Интел, како оперативно трошење, капитално трошење, купувања, како резултат на текотна готовина на Интел и промени кај даночните закони.
  • Очекувањата за даночната стапка на Интел се базираат на тековниот закон за даноци и тековната очекувана добивка. Врз даночната стапка може да влијае надлежниот орган кој одредува како ќе го оданочи профитот; промените во предвидувањата за кредитите; решавањето на проблеми кои настануваат со ревизијата на данокот од даночната служба кои вклучуваат плаќање на казни и камати; како и способноста на компанијата да ги добие одложените даночни средства.
  • Добивките или загубите од капиталните хартии од вредност како и каматите можат да варираат од очекувањата во зависнот од добивките и загубите во продажбата, размената, промените во проценетата вредност или оштетувањето на долгот и капиталните инвестиции; билансот на состојба и промени во проценетата вредност на деривативните инструменти.
  • Дефекти кај продукти и грешки (девијации од објавените спецификации) можат да влијаат на нашите трошоци, приходи и репутација.
  • Резултатите на Интел би можеле да бидат погодени од несаканите ефекти поврзани со дефекти на производи и исправки (дeвијација од објавени спецификации) и парничење, или регулаторни прашања кои вклучуваат интелектуална сопственост, акционер, потрошувачи, недоверба и други прашања, како што се парничење и регулаторни прашања опишани во (SEC) финансиските извештаи на Интел. Неповолна судска одлука би можела да ги вклучи монетарните штети или забрана за прозиводство или продавање на еден или повеќе производи, спречувајќи одредени деловни практики, да влијае врз можноста на Интел да ги дизајнира сопствените производи, или други решенија како задолжително лиценцирање на интелектуалната сопственост.
  • Резултатите на Интел би можеле да бидат погодени од времето затворањето на стекнувањата и намалувањата.

Детална дискусија за овие и други фактори што можат да влијаат на резултатите на Интел, се вклучен во најновите извештаи Form 10-K и Form 10-Q.

Интернет пренос за заработувачката

Интел ќе одржи јавен интернет пренос денес, во 14 часот по дневно пацифичко време на својата веб страница за инвеститорите на: www.intc.com. Ќе има реприза на преносот, како и можност за преземање во MP3 формат.

Интел ќе поднесе извештај за својата заработувачка од првиот квартал од 2015 година на 14-ти јануари. Веднаш по ивештајот, компанијата планира да објави коментар на Стејси Џ. Смит, постар потпретседател и главен финансиски директор на: www.intc.com/results.cfm. Јавен интернет пренос на конференцијата за заработувачката на Интел  ќе следува во 14 часот по дневно пацифичко време на www.intc.com.

Претходна статијаClaxi, првата македонска апликација за повикување такси, ве води на Web Summit 2015
Следна статијаNASA планира колонија на Марс до 2030 година