Минатата година првиот човек на Tesla и SpaceX, Елон Маск „се пофали“ дека добил дозвола за реализација на неговиот проект Hyperloop. Подоцна излезе дека се работи само за усна потврда која ја добил од некој претставник на власта во неофицијален разговор. Меѓутоа, година подоцна пристигнува и првата писмена потврда за она што се „шушка“.

Изгледа САД ќе го добие својот прв Hyperloop тунел кој ќе ги поврзува престолнината Вашингтон и најголемиот град Њујорк. Иако потврдата се однесува на прелиминарни тестирања и ископи, сепак претставува основа за реализација на проектот кој ветува дека ќе донесе револуционерен начин на патување. Компанијата зад проектот е се разбира во сопственост на Елон Маск. До сега истата беше позната само по продажба на качкети и пламенофрлачи. Со ова веројатно ќе започне да го реализира она што го носи во самото име, а тоа е копање.

The Boring Company работи на поврзување на гореспоменатите два градови со попатни станици во Филаделфија и Балтимор. Според проценките времето потребно да се стигне од Вашингтон до Њу Јорк ќе изнесува само 29 минути. За потсетување, во моментов, со автомобил би ви биле потребни речиси 4 часа за да го поминете истото растојание.

Првата потенцијална станица е сместена на авенијата „Њу Јорк“ во градот Вашингтон. На локацијата во наредниот период ќе се вршат тестирања. Но, не е исклучена и можноста истата да стане првата станица за Hyperloop транспорт. Како што е познато, оваа технологија се служи со платформи кои транспортираат патници и возила со брзина од околу 1 300км/ч. Патувањето се одвива низ цевки во кои владее делумен вакуум.

Маск има поддршка од властите во Белата Куќа за реализација и развој на овој вид на технологија. Па логично е да се очекува да не наиден а поголеми проблеми при издавањето на потребната документација во неколкуте сојузни држави каде проектот ќе се протега. За почеток првата траса ќе биде од главниот град до Балтимор, за што државата Мериленд се стави на максимално располагање.

ИЗВОРEngaget
ИЗВОР 2The Washington Post
Претходна статијаСе развива технологија која делумно ќе овозможи комуницирање со починатите лица
Следна статијаКритична маса #70: „Имаш сериозна врска?“