Веќе одреден период борбата за првите три места како најголеми производители на смартфони во светот се води помеѓу Samsung, Apple и Huawei. Samsung без проблеми го одржува своето прво место со значителна разлика од другите производители, а второто место обично успеваше дека го има Apple.

Во втората четвртина од 2018 Huawei успева да го тргне Apple од долго време држеното второ место и со тоа да покаже дека е сериозен конкурент во светот на смартфоните.

Samsung првото место го држи со продадени 71,5 милиони уреди, што е пад од 10,4% од истиот период минатата година. Сепак, доминацијата на овој производител е доволно голема, да и одреден пад во продажбата не го загрозува неговото прво место.

Huawei го презема второто место со продадени 54,2 милиони уреди, што е за дури 40,9% зголемување од истиот период минатата година, а е за 12,9 милиони уреди повеќе од продажбата која ја има направено Apple.

Apple сега е на третото место со продадени 41,3 милиони уреди, што е само 0,7% повеќе од истиот период минатата година.

Четвртото и петтото место го држат исто така кинески производители, односно на Xiaomi и Oppo.

IDC
ИЗВОРIDC
ИЗВОР 2Pocket Now
Претходна статијаМакпетрол ја претстави мобилната апликација „Верна GO“
Следна статијаНовиот Samsung Galaxy Tab S4 ви помага да завршите повеќе обврски, без разлика каде се наоѓате
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.