Huawei ја започна кампањата Вистински Приказни која покажува како заедничкото работење на постигнување технолошки напредок може да го направи светот многу подобро место за живеење. True Stories раскажува за неколку неодамнешните проекти на Huawei преку кои компанијата го направила светот малку подобар со помош на технолошки иновации.

„Во Huawei секогаш сакавме да користиме технологија за да градиме мостови, а не sидови“, рече Волтер Џи, извршен директор на Huawei Consumer Business Group за Западна Европа. „Ние веруваме дека сите ние, без разлика кои сме или од каде потекнуваме, мора да користиме технологија за да го направиме светот подобро место. Во последните неколку години се посветивме целосно на остварување на овој сон, користејќи ги не само нашите софистицирани технологии за мрежно поврзување, туку и нашите паметни телефони “, рече Џи.

На почетокот на кампањата ќе има емотивен филм во кој ќе бидат прикажани 6 проекти на Huawei ширум светот, како и друга приказна која ги охрабрува луѓето да ги прифатат технолошките иновации и да го подобрат нивниот квалитет на живот на глобално ниво. Социјалните проекти на Huawei откриваат како компанијата ја користи технологијата за да го направи светот подобро место – од борба против слепило на децата до инспирација на глувите деца да читаат.

Некои од проектите за кои Huawei ќе зборува за време на кампањата се:

StorySign Помош на глувите деца да научат да читаат

StorySign е прва платформа во светот за учење на глуви деца, креирана од научници на Huawei во 2018 година во партнерство со Европската унија за глуви, Британското здружение на глуви, Penguin Books и Aardman Animations. StorySign е бесплатна апликација за мобилна телефонија која има за цел да помогне на 32 милиони глуви деца ширум светот да научат да читаат со употреба на вештачка интелигенција и проширена реалност со анализа на текстот на претходно избрани книги и нивно прилагодување на јазикот на глувонемите.

Апликацијата StorySign стана толку популарна што нови книги дополнително се додадени во портфолиото на апликацијата и се прилагодени на секој од 13-те глуви јазици во Западна Европа и Австралија. Новите наслови вклучуваат омилени книги за деца како „Храбриот Макс“, „Во твојата книга има змеј“ и „Се за Спот“.

Годинава StorySign донесе 7 награди на Huawei на Cannes Lions Festival of Creativity 2019, од кои 4 беа златни. Huawei беше кинески бренд со најмногу награди на годинашново издание на фестивалот.

Заштита на тропските дождовни шуми со помош на AI

Работејќи со невладината организација Rainforest Connect, истражувачкиот тим на Huawei разви уникатна технологија „слушање“ која им помага на властите да детектираат и спречуваат нелегално сечење на тропските шуми во Јужна Америка, како и да штитат некои од најзагрозените животински видови, како мајмунот пајак.

Бидејќи звуците на дождовните шуми се премногу сложени за човечкото уво, Huawei и Rainforest Connect ги користеа софистицираните смартфони на Huawei за да ги снимаат континуирано две години и да ги испраќаат снимките на специјален „облак“. Користејќи ја софтверската моќ на Huawei и софистицираното AI, звуците можат да се анализираат во реално време, дозволувајќи му на системот веднаш да ги алармира ренџерите за атипични сомнителни звуци како што се камиони и пили, овозможувајќи им навремено да реагираат.

Помош на слепите за да ги почувствуваат емоциите

Во специјално партнерство со полското здружение на слепи, Huawei ја создаде апликацијата Facing Emotions, која им помага на лицата со оштетен вид да ги „гледаат“ емоциите на другите преку посебни сигнали. Користејќи го моќниот AI систем на Huawei Mate 20 Pro, апликацијата го анализира лицето на соговорникот, потоа ги обработува информациите во реално време и ја репродуцира откриената емоција во форма на специјален звучен сигнал. Од својата официјална премиера, апликацијата е преземена над 1000 пати во 22 земји.

Ruralstar – Обезбедување подобро образование за деца од оддалечени рурални области

Од поставувањето на целта на ООН во 2015 година да се направат до 2030 година значителни подобрувања во 17 јавни сфери, тоа е во целост во согласност со верувањето на Huawei дека еден од најважните чекори кон подобра, посреќна и поодржлива иднината е да обезбедиме подобро образование за сите на нашата планета. Проектот RuralStar е дизајниран да опслужува 10 милиони нигериски деца на возраст меѓу 5 и 14 години кои немаат пристап до училиште. RuralStar е технологија која обезбедува мобилна поврзаност преку ќелии со мала потрошувачка и поедноставена сигнална кутија што се напојува со соларни панели. Ова обезбедува мобилна поврзаност со оддалечените училишта и заедници.

Track AI или како да дијагностицирате рани знаци на оштетување на видот кај децата

Huawei користи вештачка интелигенција за подобрување на животот на 19 милиони деца ширум светот кои, според Светската здравствена организација, страдаат од оштетување на видот. Многу од овие деца остануваат недијагностицирани долго време, што има сериозни последици за нивниот вид и развој како целина.

Работејќи со DIVE Medical, тимот на Huawei создаде Track AI, иновативен и лесен за употреба софтвер кој го анализира видот на децата, со што се открива можноста за оштетување на видот. Досега, Track AI им помогна на околу 19 милиони деца ширум светот.

Претходна статијаЗапочна Бизнис 3х3 Баскет во СЦ „Јане Сандански“
Следна статијаРСБСП со апел: Биди одговорен учесник во сообраќајот