Huawei е бренд којшто веќе нема кој не го знае. Достапен е во нашата земја, но може да се најде во целиот свет, иако во САД имаат проблеми од познати причини.

Оваа компанија го презема второто место на пазарот за мобилни телефони минатата година, кога го тргна Apple од оваа позиција која ја држеше долги години.

Huawei сега најавува дека ќе продолжи со одличните продажби и дека во наредните години ќе го преземе првото место на пазарот кое моментално го држи Samsung.

„Оваа година најрано, наредната година најдоцна, ние ќе станеме број еден“ – истакна Ричард Ју, главен директор во Huawei за продажба на кориснички производи, за репортери во Кина.

Тој исто така ја кажа бројката од 200 милиони продадени смартфони во 2018, а како што гледаме од компанијата не покажуваат знаци да застанат.

Сепак, преземањето на првото место од Samsung ќе биде нешто потешко од тоа на Apple. За разлика од Apple, кои најмногу телефони продаваат во САД, Samsung е популарен на повеќето пазари, па достигнувањето на нивната бројка на продадени смартфони ќе биде предизвик за Huawei.

Оваа најава покажува дека следуваат интересни години на конкуренција на пазарот, а веќе оваа година ќе ги видиме првите уреди кои ќе ја покажат и способноста за иновација на компаниите.   

ИЗВОРCNN
ИЗВОР 2Cnet
Претходна статијаFacebook работи на интеграција помеѓу Messenger, WhatsApp и Instagram
Следна статијаFiat 500 со нов рекорд
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.