Скопје7 август, 2018 – Huawei Consumer Business Group (CBG) ги објави бизнис резултатите за првата половина од 2018-та година. Компанијата објави импресивен раст со извоз на над 95 милиони производи низ светот. Според податоците на IDC, Huawei прерасна во вториот најдобар производител на паметни телефони со пазарен удел од 15.8%.

“Изминатите шест месеци беа неверојатни за Huawei CBG, обележани со силен раст на нашиот бизнис на сите пазари и производни линии. Нашиот успех се должи на нашата заложба за иновации, што е најважно за нашите клиенти. Напредувајќи се посилно, Huawei ќе остане фокусиран на континуирано подобрување на нашите понуди”, изјави Ричард Ју, извршен директор на Huawei Consumer Business Group. 

Нагласени бизнис перформанси

  • HUAWEI P20 серијата: Спој на уметноста и технологијата, серијата P20 е многу добро прифатена меѓу модерните потрошувачи. Глобалните пратки на серијата HUAWEI P20 надминаа 9 милиони единици;
  • HUAWEI Mate 10 серијата: Најновиот HUAWEI Mate го постави новиот тренд за мобилна вештачка интелигенција и ја зацврсти позицијата на компанијата на high-end пазарот со глобални пратки од над 10 милиони единици;
  • HUAWEI nova серија: Глобално, бројот на корисници на новиот смартфон надмина 50 милиони, што придонесе за раст на целокупниот пазар на смартфони од среден опсег. Вкупните испораки на nova серијата се зголемија за 60 отсто за период од една година.
  • Huawei wearables постигна извонреден пораст од 147 отсто во текот на годината;
  • Малопродажниот бизнис порасна и сега Huawei работи со повеќе од 53.000 Huawei продавници и 3.500 Huawei Experience Stores на глобално ниво. Компанијата планира да ја зајакне својата малопродажна мрежа со додавање на уште 10.000 продавници за малопродажба и 700 Experience Stores низ светот пред крајот на 2018 година.

Препознавањето на брендот има нагорна динамика

Импресивните перформанси на Huawei и на нивните производи значително ја подобрија вредноста на брендот. Huawei беше именуван за број 25 на листата Global 500 2018 на брендот Finance, број 48 на листата на Топ 100 највредни глобални брендови на BrandZ и број 79 на Форбс – Највредните брендови. Huawei беше единствената кинеска компанија која успеа да обезбеди место на Forbes ‘2018 топ 100 листата. 

Huawei како глобален технолошки гигант во своето портфолио има паметни телефони, персонални компјутери и таблети, преносни и облак услуги и слично. Производите и услугите на Huawei се достапни во повеќе од 170 земји и се користат од една третина од светската популација. Компанијата има воспоставено шеснаесет центри за истражување и развој распоредени во САД, Германија, Финска, Шведска, Русија, Индија и Кина. Глобалната мрежа на Huawei се базира на над 20 години стручност во телекомуникациската индустријата и е посветена на обезбедување на најновите технолошки достигнувања за потрошувачите од целиот свет.

Претходна статијаMozilla избира ново лого за Firefox и поврзаните производи, а ја прашува заедницата за мислење
Следна статијаAndroid 9 Pie е официјалното име на најновата верзија од овој најпознат оперативен систем