Канадската полиција ја уапси финансиската директорка (CFO) на Huawei, Менг Ванжу во Ванкувер во текот на вчерашниот ден. Причината за апсењето е обвинението од страна на САД за прекршување на санкциите кои оваа земја ги има кон Иран, поточно за тргување со оваа земја, од страна на Huawei.

Од САД имаат побарано екстрадиција на Ванжу, за што треба да има судско рочиште во Канада за да се одлучи по барањето. Инаку, барањето е стигнато од суд во Њујорк каде и се води постапката против оваа компанија и директорката.

Менг Ванжу, покрај тоа што ја има главната позиција за финансии во Huawei, таа исто така е и заменик претседател на бордот на директори на компанијата, како и ќерка на основачот на компанијата, Рен Женгфеи.

Ова веднаш е јасно дека е дел од трговската и политичка војна помеѓу САД и Кина. САД веќе еднаш имаше проблем со друга кинеска компанија, ZTE, со исти обвинувања, по што им беше забрането на американските компании да соработуваат со оваа компанија.

Во САД се води вистинска “војна” против кинеските производители, а веќе можевме да прочитаме за закон кој треба да ја забрани употребата на производи од Huawei и ZTE во владините служби. Кинеските компании често се обвинувани за небезбедни за корисниците, односно “штетни” за нивната приватност.

„На компанијата ни се овозможени многу малку информации во врска со обвинувањата и ние немеме никакви сознанија за прекршоци од страна на Г-ца. Менг. Компанијата верува дека канадските и американските судски системи на крајот ќе донесат праведни одлуки. Компанијата се придружува до сите закони и регулативи каде што работи, вклучувајќи ја и контролата на извоз и законите за санкции.“ – истакнаа од Huawei

ИЗВОРThe Globe and Mail
ИЗВОР 2TechCrunch
Претходна статијаGoogle го средува „хаосот“ од апликации за разговори – Allo престанува со работа на сметка на Messages
Следна статијаТрет обид на Microsoft за „полесна“ и поевтина верзија од Windows
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.