Google-HQ

Google вчера објави дека отвара пазар за патенти каде што Google масовно ќе откупува патенти од луѓето кои ги поседуваат со цел да ги избегне експлоатирачите на патенти и да ја забрза постапката за купување на патентите.

Patent Purchase Promotion им дозволува на луѓето кои држат патенти да го презентираат својот патент, да постават цена за истиот, и потенцијално да го продадат на Google. Овој простор ќе биде отворен од 8 до 22 Мај годинава, продавачите на патенти ќе бидат известени до 26 Јуни дали нивниот патен би бил купен од Google или не.

Google ветува дека целосната постапка за откупување на патентите би била завршена до крај на Август годинава.

Проблемот со експлоатирачите на патенти е што ги откупуваат пред големите компании, а потоа ги држат истите и ја зголемуваат цената драстично со тоа што наштетуваат на индустријата, ја зголемуваат цената на производите кои зависат од тие патенти и практично го кочат целосниот напредок на технологијата.

Google се обидува да го избегне тој проблем и да ја забрза и олесни постапката. Ова би значело поголем профит за Google, поефтини услуги и производи од Google и воедно истите би биле развиени и достапни многу побрзо.

Извори: VentureBeat, Google

Претходна статијаПријавете се во натпреварот за „Интернет на нештата“ решенија и освојте рекламна кампања вредна 30.000 евра за вашиот бизнис
Следна статијаSwiftKey бета го подобрува корисничкиот интерфејс