word-lens-screens

Quest Visual е компанија која што ја изработува апликацијата Word Lens Translator. Оваа апликација врши преведување на текстот кој што во моментот го гледате преку камерата, по што преводот го поставува на местото на оригиналниот текст. Од оваа компанија изјавија дека стануваат дел од Google и со тоа нивната технологија ќе се користи за унапредување на Google Translate апликацијата, која што веќе има огромна база на јазици, па со комбинирањето со Word Lens и двете ќе добијат нешто што можеби им недостигало.

Google веќе подолг период има апликација која што ја има оваа можност, Goggles, но изгледа сепак купувањето на понапредна технологија и нејзиното развивање е подобра одлука.

Word Lens Translator е достапна за корисниците на Android, iOS и Google Glass, а по најавата на веста апликацијата и јазиците достапни за симнување стануваат бесплатни за одреден период.

Извор: Quest Visual

Претходна статијаGoogle во преговори за купување на Twitch сервисот за 1 милијарда долари ?
Следна статијаFacebook развива конкурент на Snapchat, ќе се вика Slingshot ?
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.