Google

Креаторите на Pixel мобилниот телефон и официјално се приклучија на Google. Како што обете компании и претходно најавија, во текот на вчерашниот ден беше реализирана зделката вредна 1,1 милијарди долари. Уредот кој ги прослави очигледно им ја крена цената.

Тимот инженери кои беа дел од компанијата HTC направија трансфер во Google каде ќе продолжат да работат на развој на мобилни уреди. Тие го напуштаат HTC заедно со својата интелектуална сопственост, односно know how-от според кој го конструираа Pixel. Логично истото ќе им биде од клучна важности за нивните понатамошни проекти.

Што се однесува до HTC тие велат дека и понатаму планираат да се натпреваруваат на пазарот на мобилни телефони. Тие и во иднина ќе го користат сопственото име како бренд. На полето на новите технологии тие ќе „позајмат“ од производите на Vive.

Со ова Тајпеј ќе стане главниот инженерски град од овој регион од светот. Ова е трета година како Google се занимава со изработка на хардвер. Очигледно околу себе собира тим кој ќе понуди резултати на долг рок. Како што ќе рече еден од директорите на компанијата Рик Остерхол:
-Новиот состав ќе има цел да создаде радикално подобри уреди кои ќе им помогнат на луѓето.

Извори: Google Blog, Engadget

Претходна статијаЏек Ма од Alibaba скептичен во врска со AI технологијата
Следна статијаОвцата Доли повторно се „раѓа“ во овие две мајмунчиња