Google

Google како една од најголемите компании во светот, се разбира дека сериозно навлегува во истражувањето на своите вработени, односно што ги мотивира, што им ја намалува ефикасноста и клучно во сето тоа, како влијаат менаџерите на целата атмосфера во компанијата.

Како што истакнуваат на страната од проектот Project Oxygen, група на истражувачи од компанијата има дојдено до 8 клучни карактеристики коишто ги имаат нивните најдобри менаџери, менаџери кои биле најдобро оценети од вработените.

Со текот на годините, поточно 10 години, од компанијата доаѓаат до дополнителни 2 карактеристики, како и мала промена на постојни 2. Со тоа тие денес имаат листа од 10 главни и клучни карактеристики кои треба да ги има еден менаџер за да може да се каже дека тој е добар.

Би било добро компаниите во Македонија да почнат полека да даваа значење на ваквите работи, па еве ја листата од 10 карактеристики од која може да започнат:

  1. Да е добар тренер/учител
  2. Му дава сила на тимот и не врши микро менаџирање
  3. Креира околина за вклучување на сите од тимот и покажува грижа за успех и благосостојба
  4. Продуктивен и насочен кон резултати
  5. Да комуницира добро, да слуша и споделува информации
  6. Го подржува развојот на кариерата на вработените и разговара за перформансите
  7. Има јасна визија/стратегија за тимот
  8. Има клучни технички способности за да може да му помага и советува тимот
  9. Соработува со другите од компанијата
  10. Силен носач на одлуки

Ова се десетте карактеристики кои Google ги има откриено кај своите менаџери, односно оние менаџери кои важат за добри во својата работа и вадат добри резултати во работата. Може слободно да се каже дека овие карактеристики може да се сметаат како важни и за скоро секоја друга компанија, па служат како добра основа за проценка на своите менаџери на компаниите кои немаат доволно развиени сектори за човечки ресурси.

ИЗВОРGoogle
ИЗВОР 2Inc
Претходна статијаSamsung размислува да ги спои Galaxy Note и Galaxy S со што Note 9 може да биде последниот уред од оваа серија
Следна статијаMicrosoft петентира систем против играчи на Xbox кои мамат базиран на вештачка интелигенција
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.