Black Friday

Големи и атрактивни попусти повторно доаѓаат од Техномаркет, по повод светски познатиот и актуелен настан Black Friday. Шопинг-манијата започнува во петок, на 28-ми ноември, а ќе трае до понеделник, 1-ви декември. За времетраењето на настанот, компанијата ќе понуди голем избор на производи од светски реномирани брендови по екстремно ниски цени.

Техномаркет по вторпат го организира овој популарен настан, а оваа година внесе и новитет, овозможувајќи им на потрошувачите, преку веб-страницата на компанијата, да го внесат производот кој што сакаат да се најде по екстра намалена цена. Токму највнесуваните производи, овој викенд ќе бидат достапни по супер ниски цени.

На овој начин, Техномаркет уште еднаш успева да им се доближи на своите потрошувачи, овозможувајќи им креативен пристап и поволен начин за да го набават посакуваниот производ.

Извор: Technomarket

Претходна статијаGoogle во Македонија!?
Следна статијаTwitter ќе почне да следи кои апликации ги имате на вашиот уред