GM
Фото: GM

Американскиот гигант General Motors планира веќе наредната година да претстави автомобил со автономно управување, без волан и педали. Се работи за модел на популарниот Chevy Bolt преименуван во Cruise AV.

Од компанијата автомобилот го претставуваат како првото возило со комплетно автономно управување наменето за комерцијална употреба. Како што веќе споменавме, возилото нема волан, педали и генерално никакви мануелни контроли. Покрај управувањето возилото нуди и ред други автоматски функции како отворање и затворање на вратите.

Првиот проблем со кој GM се соочува е исполнување на стандардот за безбедност. За да ја надмине оваа пречка компанијата сака да понуди алтернативно решение. Со оглед дека од технички аспект стандардот е недостижен, тие сакаат да понудат дополнителен број воздушни перничиња за да компензираат. Како ова ќе им се допадне на официјалните лица од Департманот за транспорт, останува да видиме.

Во меѓувреме останува да се воодушевуваме на концептот кој GM го разработува во видеото кое го претставија.

Извори: Engadget, TechRadar

Претходна статијаДецата на Бил Гејтс имаат строго контролиран пристап до технологија
Следна статија„Протече“ кутијата во која ќе доаѓа Galaxy S9 со неговите карактеристики