T_BWF_PR_01-voting

Причина повеќе зошто да се вклучите и да го поддржите по Вас најдоброто македонско ИоТ решение е фактот што – и поддршката се исплати! Сите компании и нивните вработени кои ќе се вклучат во натрпеварот за да гласаат, доколку се регистрираат и како поддржувачи на „IoT“ решенијата кои се нивен фаворит, имаат можност да си обезбедат маркетинг кампања во вредност од 20.000 евра заедно со победничкото „IoT“ решение.

Неколку македонските развивачи и иноватори ги пријавија своите готови М2М (machine 2 machine) решенија од доменот Интернет на нештата („IoT”) на интернационалниот натпревар Business Wall of Fame кој во Македонија за прв пат го носи Македонски Телеком, како дел од групацијата Дојче Телеком.

Покрај овие две решенија, на натпреварот се пријавија уште четири македонски проекти: Интелигентен омекнувач на компанијата Бентен-Пан кој ја контролира тврдоста на водаташто е неповолна за домашните уреди и има интегрирано микропроцесор за далечинска контрола, кој може да се управува со мобилен телефон; решението Fueloyal на македонско- хрватската стартап компанија 4VIRTUS што всушност претставува паметно капаче за контрола на гориво и превенција од кражба на гориво, наменето за големите превозници; и решението на компанијата Леов, паметен бојлер кој се управува од мобилен телефон. AgroIT е ИоТ решение за целокупно менаџирање на една фарма со кое со помош на сензори на фармерите ќе им бидат доставувани навремени информации на нивните паметни уреди, што ќе овозможи навремена нивна реакција и поефикасно искористување на нивните ресурси.

Гласачи и поддржувачи
Регистрацијата на учесниците траеше до 1 јуни, а услов за пријавување беше решенијата да содржат хардвер, софтвер и конективност или поврзување. Во тек е гласањето кое трае до 22 јуни. Учесниците можат да го зголемат бројот на гласовите и шансите за победа со активирање на заедницата да гласа за нив.

Причина повеќе зошто да се вклучите и да го поддржите по Вас најдоброто македонско ИоТ решение е фактот што – и поддршката се исплати! Сите компании и нивните вработени кои ќе се вклучат во натрпеварот за да гласаат, доколку се регистрираат и како поддржувачи на „IoT“ решенијата кои се нивен фаворит, имаат можност да си обезбедат маркетинг кампања во вредност од 20.000 евра заедно со победничкото „IoT“ решение.

Уредот BCON Wireless Socket води по гласови од корисниците на македонскиот натпревар, дел од интернационалниот Business Wall of Fame натпревар на Deutsche Telekom. Натпреварот има за цел да ги собере најинтересните проекти за Интернет на нештата, со ветување дека ќе ги промовира победниците во 30.000 евра вредна маркетинг кампања преку Македонски Телеком.

Победникот ќе биде прогласен на 7 јули од жири комисија.

Претходна статијаНовите Broadwell-H процесори на Intel имаат дупло подобра графика од претходниците
Следна статијаFacebook официјално ја претстави Facebook Lite апликацијата за земјите во развој