Autopilot_Web_Homepage_1212016-2

Со оглед на несреќите кои се имаат случено, Германскиот Федерален Орган за Моторни Возила побара од Тесла да престанат да ја рекламираат функцијата за самоуправување во нивните возила под терминот Автопилот.

Причината за тоа е фактот што тие сметаат дека за повеќето луѓе ова може да биде збунувачки, односно тие да мислат дека возилото може целосно самото да управува, без потреба од контрола на возачот.

Веќе можевме да прочитаме за ситуации каде сопствениците на Тесла возила, премногу контрола оставаат на возилото, а неколку пати тоа има доведено и до сообраќајна несреќа.

Од Тесла на ова одговараат дека терминот Автопилот се користи во авионската индустрија и дека отсекогаш означувал систем кој им помага на пилотите, а не систем кој целосно ја презема контролата над леталото.

Тие исто така ова го истакнуваат и при продажбата на нивните возила, па сепак на крај излегува дека системот е доволно напреден да одредени невнимателни возачи го злоупотребат истото.

Пред одреден период, германските власти исто така почнале да ги информираат сопствениците на Тесла возила во земјата дека Автопилот функцијата не е наменета сама да го управува возилото и дека потребно и задржување на главната контрола од страна на возачот.

Инаку, Автопилот функцијата во Тесла возилата може слободно да се каже дека претставува напреден темпомат. Поточно, системот може да ја одржува брзината на возилото, да следи дали пред него има други возила, да ја промени лентата на возење и слично, меѓутоа далеку е од целосно автономен систем.

Ваквите системи уште сега можеме да видиме дека ќе бидат иднината на автомобилската индустрија, а можеби повеќе на ИТ компаниите. Веќе неколку компании, меѓу кои најпозната е Google, развиваат систем кој во наредните 10 години ќе може целосно автономно да вози по улиците низ градовите.

Извор: Engadget, TNW

Претходна статијаСтартап Викенд Академија: Од одлука до развој на Старт-ап во Македонија
Следна статијаРеј Курцвејл: до 2030 ќе станеме супер интелигентни киборзи
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.