Facebooks-headquarters

Според Financial Times, Facebook спрема нова апликација која што треба да биде директна конкуренција на популарната Snapchat. Според информациите во развојот на апликацијата лично се има вклучено и Mark Zuckerberg надгледувајќи го процесот. Ова не доаѓа како изненадување со оглед на тоа што Facebook минатата година се обиде и не успеа да договори купување на Snapchat за 3 милијарди долари, како што кажуваат информациите.

Snapchat според истражувањата е посебно популарна помеѓу помладите корисници, односно помеѓу тинејџерите. Апликацијата е наменета за испраќање на слики и видео пораки, на кои што може да се додаде текст или цртеж. Главната карактеристика по која што е популарна оваа апликација е тоа што испраќачот одредува времетраење на достапноста на пораката, по која што примачот веќе не може да ја види. Според информациите Facebook Slingshot треба да биде уште поедноставно направена апликација која што ќе им ги нуди на корисниците истите функции, односно временски ограничени пораки кои што самите се бришат.

Facebook веќе најави развој на неколку нови мобилни апликации за оваа година, со што треба да го зголемат присуството во мобилниот дел. Веќе се научивме неофицијалните информации најчесто да бидат точни, па така се очекува и за оваа. Претставувањето на наводната апликација од страна на Facebook се очекува да биде овој месец, па не останува многу да видиме дали тоа навистина ќе се случи.

Извор: The Verge

Претходна статијаGoogle Translate ќе овозможува преводи користејќи ја камерата
Следна статијаAsus Republic of Gamers Maximus VII Hero
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.