Довербата во Facebook, која и така не беше на високо ниво, дефинитивно нема да биде иста како пред скандалот со Cambridge Analytica. Ако дотогаш корисниците само се сомневаа, а само од одредена група можевме да читаме како Facebook ги злоупотребува информациите што ги има за корисниците, а се труди да има што повеќе, сега веќе нема кој не го смета тоа за сигурна работа и стандарден начин на функционирање на оваа друштвена мрежа.

Најновите информации покажуваат дека тоа што Facebook сега го користи како начин за доаѓање до информации за корисниците не е ништо во споредба со тоа што има замислено за некогаш во иднина. Показател за тоа како размислуваат од компанијата се повеќе патенти кои тие ги имаат поднесено, а се однесуваат на анализа на корисниците.

Некои од поинтересните патенти вклучуваат работи како следните:

Слушање на околината преку микрофонот на уредот. Според овој патент, Facebook сака да го користи микрофонот од мобилниот телефон за да слуша кои серии или филмови ги гледаме на телевизија. Исто така, тие би следеле дали за време на рекламите го исклучуваме звукот на телевизорот.

Предвидување на иднината. Според овој патент, Facebook би ги користел објавите на мрежата, пораките, како и трансакциите со платежните картички и локацијата, за да процени одредени важни животни настани. Такви настани би биле раѓање, смрт, годишнина, матура и слично.

Одредување на романтични врски. Facebook ова би го проценувал врз основа на тоа колку често отвораме одреден профил, бројот на луѓе на нашата профилна слика, како и процентот на пријатели од спротивниот пол.

Проценка на карактерот на корисниците. Ова би се правело преку проценка на нивото на отвореност и емотивна стабилност, врз основа на што би се проценувало какви новости и реклами да се прикажат.

Патентите исто така вклучуваат и такви кои треба да ги следат нашите навики, нашите рутини и слично.

Дефинитивно Facebook е заинтересиран во тоа да ги познава своите корисници најдобро што може, иако тие за овие патенти официјално изјавуваат дека голем дел од нив никогаш нема да бидат вградени во нивните сервиси.

ИЗВОРNew York Times
ИЗВОР 2Inc
Претходна статијаGoogle исто така биле заинтересирани за купување на GitHub?
Следна статијаSony Mobile се повлекува од неколку светски пазари?
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.