Shutterstock.com

Facebook се приклучува на компаниите кои ја прекинуваат соработката со Huawei поради забраната од страна на американската влада, иако истата издаде привремена дозвола за продолжување на соработката до крајот на август.

Во случајот со Facebook, прекинот на соработката, барем во оваа фаза, ќе значи повлекување на дозволата и договорот да нивните апликации бидат пред-инсталирани на новите уреди кои ги продава Huawei.

Тоа значи дека Huawei нема да може да ги продава своите телефони со Facebook, Messenger, Instagram и WhatsApp веќе инсталирани на телефонот, па корисникот ќе мора сам да ги симне од Play Store.

Тоа може на прв поглед да не остава некој сериозен впечаток. Што ако корисниците треба сами да ги инсталираат некои од овие апликации?

Проблемот е во два фактори. Едниот е што Facebook веќе доаѓа пред-инсталиран кај голем дал од уредите и кај конкурентите, па корисниците се навикнати на истото. Фактот што ќе ја нема оваа апликација, во најмала рака може да влијае на брендот.

Вториот фактор е доколку Кина и САД не постигнат договор и по август забраната повторно стапи на сила, па телефоните на Huawei го изгубат пристапот до Play Store. Тоа значи дека корисниците нема да можат баш така едноставно да ги инсталираат своите омилени апликации, иако Huawei може да направи своја продавница, но прашање е достапноста на апликациите во неа.

Се надеваме дека до крајот на летото главните работи ќе се средат, затоа што не би сакале да видиме дополнително забавување на растот на Huawei кои донесоа на пазарот одлични телефони кои секако ја загрижија и активираат конкуренцијата. На крајот сепак, корисниците се тие кои добиваат од тоа.

ИЗВОРReuters
ИЗВОР 2The Verge
Претходна статијаNokia 2.2 е смартфон од ниската класа со мал исечок на предната страна и ниска цена од само 99 евра
Следна статијаGoogle наводно истакнува пред американските власти дека забраната за соработка со Huawei ќе има полоши последици за националната безбедност
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.