Facebook оваа недела излезе со информација за работата на компанијата во втората четвртина од оваа година. Оваа информација предизвика пад на акциите и пад на вредноста на компанија за околу 100 милијарди долари.

Причината за ваквата реакција на пазарот е намалувањето на приходите од реклами, како и бројот на нови корисници на мрежата, нешто што се случува првпат после години на раст без запирање.

Да бидеме јасни. Facebook не доживеа пад на бројот на корисници, како и намалување на приходите, што се гледа и во споредбата со истиот период од минатата година. Она што се случи е пад на растот којшто обично го има од еден до друг квартал, а исто така и пад на бројот на нови корисници, а и двете се се’ уште во раст.

Причината за ова се секако скандалите кои се појавија, а се поврзани со Facebook, кои кулминираат со Cambridge Analytica. Компанијата од овој скандал сепак не можеше да излезе тивко и брзо како од претходните, па очекувано беше дека овој пат ќе има некакво влијание на работата.

Друга причина која исто така произлегува од овој скандал е и промената на начинот на којшто функционира мрежата. Одредени прилагодувања на приватност прават да огласувачите не можат да ги добијат до крај деталните информации од кои сакаат корисници, што директно влијае на сумата која се троши на оваа мрежа.

Според информации од финансискиот директор на компанија, како и лично од Марк Закерберг, овој тренд се очекува да се задржи и во наредните месеци, односно не се очекува значително подобрување на ситуацијата.

ИЗВОРThe New York Times
ИЗВОР 2The Verge
Претходна статијаYouTube работи побавно доколку не го користите Google Chrome
Следна статијаWindows 10 ќе користи вештачка интелигенција за да процени дали го користите уредот или е слободен за надградба
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.