Европската недела на дигитализацијата – European All Digital Week 2018, оваа година се одбележува во 25 европски земји во чии рамки повеќе од 1.245 партнери организираат обуки, семинари, работилници и други иницијативи во кои се вклучени околу 80.000 учесници.

Поддржана од корпорации, невладини организации и јавни власти, кампањата се организира секоја година во март од страна на ALL DIGITAL – организација која ги претставува европските мрежи на центри за дигитална компетентност. Кампањата се однесува на дигиталната и медиумската писменост, онлајн и сајбер безбедноста, кодирањето, како и многу други теми поврзани со дигитални вештини и технологија. Има за цел да помогне на луѓето да изградат доверба во технологијата преку развивање критичко размислување и медиумска писменост, како и да се развие пристап за доживотно учење и подобрување на дигиталните вештини во динамичната дигитално ориентирана економија.

Во поддршка на Европската недела на дигитализацијата, Семос Едукација заедно со CertiAdria со проектот под наслов „#DoYouKnowWhatYouDontKnow“ овозможуваат тестирање за проверка на знаењето во Autodesk за: AutoCAD, 3DS Max, Maya и Revit.

Тестирањето е наменето за сите проектанти, архитекти, градежни инженери, електро или машински инженери, геодети, 3D аниматори и сите оние кои професионално работат во најпопуларните алатки од  палетата на Autodesk.

Дополнително, сите заинтересирани кои сакаат да го проверат своето знаење и да се тестираат, ќе добијат можност за промотивен попуст од 30% на испит за Autodesk Certified User и 20% промотивен попуст на сите обуки од Autodesk. Со положување на некој од овие испити тие го сертифицираат своето знаење и се стекнуваат со меѓународен сертификат.

Пријавувањето за тестирањето е во тек и ќе трае до крајот на неделава, односно до 25 март. Бројот на тестови е ограничен, а сите заинтересирани може да се пријават на овој линк.

Бидејќи технологијата ги исполнува сите аспекти од нашите животи, никогаш не било поважно да се осигура дека сите европски држави имаат можност да стекнат дигитални вештини и сертификати кои ќе им помогнат да успеат како студент, граѓанин и вработен. Повеќе од било кога, потребно е сите да инвестираме во подобрување на дигиталните вештини за социјална вклученост, вработливост, претприемништво и едукација.

Претходна статијаИднината на автономните возила: Смртоносни машини или олеснувачи на секојдневието?
Следна статијаМарк Закерберг излезе со официјален одговор за случајот со Cambridge Analytica