By Maurizio Pesce from Milan, Italia - Elon Musk, Tesla Factory, Fremont (CA, USA), CC BY 2.0, https://commons.wikimedia.org/w/index.php?curid=38354348

Елон Маск, самоуверено излезе на Twitter пред скоро два месеци и најави дека планира приватизирање на Tesla, а за тој план има обезбедено сигурни средства. Дека нешто нема да биде баш како што треба можеше да се насети наскоро, кога тој не излезе со доказ за своите тврдења, а полека почнаа да излегуваат информации за тоа кој е инвеститорот.

Кратко кажано, во приодот што следеше се дозна дека инвеститорот за кој Маск говори е Суверениот Саудиски Фонд, кој потоа се дозна дека не е баш сигурен за својата инвестиција во Tesla, па на крајот заврши со инвестиција во конкурентот Lucid Motors.

За целиот случај беше најавена истрага од страна на Комисијата за хартии од вредност на САД, односно Securities and Exchange Commission (SEC), кои на крајот поднесоа и тужба која минатата недела беше завршена преку спогодба.

Спогодбата на Маск, Tesla и SEC подразбира неколку работи, а тие се сумирани во следните точки:

  • Маск веќе нема да биде Претседател на одборот на директори на компанијата и ќе биде заменет со нов и независен Претседател. Исто така, Маск нема да смее да се врати на оваа позиција во наредните три години
  • Tesla ќе назначи и два нови независни членови во одборот на директори
  • Tesla ќе мора да води поголема грижа преку посебен сектор кој ќе ги следи комуникациите на Маск со јавноста
  • Маск и Tesla ќе платат по 20 милиони долари, односно 40 милиони вкупно како казна, а парите ќе се искористат како надомест на штетата која ја пријавија некои од акционерите.

Елон Маск сепак ќе ја задржи директорската позиција, што значи ќе продолжи да е директно и секојдневно вклучен во работата на компанијата.

ИЗВОРThe Verge
ИЗВОР 2Cnet
Претходна статијаОсновачите на Instagram го напуштија Facebook оставајќи многу прашања за што може да се очекува
Следна статијаСкопје Сити Мол го слави својот 6-ти роденден
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.