PayPal

Ebay го замени PayPal како главниот платежен метод за своите услуги со холандската компанија Adyen. Корисниците и понатаму ќе можат да го одберат PayPal како опција за плаќање, но како прва понудена опција ќе биде посочен Adyen.

Инаку договорот за вршење на трансакциски услуги помеѓу PayPal и Ebay е со важност до јули 2023-та година. Финансиските извештаи се сметаат за темел на ваквата политика на обете компании.

Компанијата која ќе го преземе местото ќе има сериозна задача да ги натера добар дел од корисниците да преминат на користење на нивните услуги.

Имено, несогласувања во врска со финансиските проекции се причината за разводот на двете компании кои долго и плодно соработуваа. Компанијата која ќе го преземе местото ќе има сериозна задача да ги натера добар дел од корисниците да преминат на користење на нивните услуги.

Некои извори велат дека корисниците ќе имаат краен бенефит од ваквата ситуација. Се очекува пад на цената на услугите, односно помал процент кој ќе оди на име на трансакцијата.

Развојот на слични проекти од други конкурентски компании е исто така важен фактор. Вредно да се спомене е дека и Apple прави напори да создаде софтвер кој ќе биде наменет за размена на средства не само за купување и продавање.

Новиот сервис за плаќање ќе биде интегриран во веб сајтот на Ebay. Тоа се очекува да ја зголеми динамиката на правење нарачки и да донесе дополнителен профит за компанијата.

ИЗВОРVentureBeat
ИЗВОР 2Reuters
Претходна статијаМини верзија од легендарниот Commodore64 по цена од 76€
Следна статијаДали вложување во Биткоин е сѐ уште добра идеја?