Документите кога се чуваат во подруми и на полици можат да се изгубат, оштетат и секој да има пристап до нив, без ваше знаење. Практично решение за архивирање на вашите документи и нивна поголема достапност и безбедност овозможува иновацијата создадена од Македонски бизнисмен кој зад себе име богата професионална кариера со успешни старт-уп компании и бизнис едукација од најпрестижната школа Харвард. 

Македонските компании и институции сега имаат можност да ја подобрат својата организациска ефикасност  со употребата на Инбох, иновативниот систем за архивирање кој обезбедува брза и лесна достапност на информациите.

Станува збор за успешна бизнис иновација на македонскиот пазар, која е спој на добро познати технолошки достигнувања во нов бизнис модел, што интегрира 3 технологии. Инбох не е 100% физичка архива ниту е 100% дигитална архива, а употребените технологии дозволуваат по потреба на клиентот да се претвори во едно или друго, што е неговата уникатност.

Овозможува брзо и ефикасно да се добие еден документ, без притоа да мора да се стане од работното биро, и да се оди по ходници, катови и подруми за барање на документите. Она што е посебно важно е фактот дека обезбедува  највисока безбедност и комплетна контрола на документот. 

“Оригиналот е еден и тој најстрого мора да се чува во безбедносно депо. Од него се прави електронска копија која може да се употребува само доколку имате авторизација да ја користите. Не можете да станете, да отидете до документот и да си го земете, отворите и употребувате бидејќи документот не се наоѓа кај Вас. Тој се наоѓа во Инбох, а за да го добиете ќе мора да го побарате, а тогаш ќе се утврдат привилегиите за пристап, потоа се прави запис за барањето што ќе остави трага, и така се креира можност за тотална контрола кој, кога и што барал”, истакнува г. Стојче Тасков, креатор и сопственик на Инбох.

Кога барате документ, дали навистина ви треба документот или ви требаат информациите што се напишани во тој документ? Во 95% од случаите ви требаат само информациите, а не самиот документ како парче хартија. Тоа е смислата на ИНБОХ, тој многу организирано и ефикасно, електронски ги копира информациите и ви ги доставува без физички да се движи документот – се разбира доколку не ви треба оригиналот.  За да може да функционира моделот, претходно е потребно да се изработи електронски регистар на архивата каде ќе се запишат и мапираат архивските планови на клиентот и неговите пребарувачки индекси, додава Тасков.

Достапноста на информациите, како и безбедноста на документите и контролата врз нив, се главните вредносни компонети на бизнис моделот на Инбох, истовремено и многу рационална причина клиентите да соработуваат со Инбох.

Голем дел од успешните бизниси и институции во Македонија започнаа да го користат овој иновативен систем, длабоко уверени во неговите вредности. Инбох е изграден на Американска технологија за управување со хартиени и електронски документи – ENVISION.  За  5 години постоење, создаде капацитет од 35.000 м3 специјализиран простор за архивски депоа, поседува технологија за дигитализација на сите можни видови документи, од  бизнис картичка до А0 и поголеми формати, како и технлогија за ласерско и 3Д дигитализирање на вредни документи, микрофилмски скенери, скенери за Ренгенски и други транспарентни документи.

Тел. +389 22580 100

078 494 401

contact@inbox-datacenter.com

Претходна статијаНајпопуларните лозинки за 2017 година
Следна статијаДали батеријата е главната причина што вашиот iPhone станува бавен?