Еден од најдобрите и најефикасните начини за производство на обновлива електрична енергија се секако турбините на ветер. Но според многумина овие турбини не се поволни за населени места. Токму затоа истите се поставуваат надвор од населените места. Новиот европски план за производство на обновлива зелена енергија. го зема во предвид ова прашање или проблем, ако може така да се нарече. Станува збор за изградба на вештачки остров којшто ќе биде опкружен со турбини на ветер коишто ќе бидат поставени околу островот, или поточно во морето.

На 23-ти овој месец, данската компанија Energinet и германско – холандската TenneT ќе потпишат договор со цел изградба на вештачки остров во Северното море. Планот е да се обезбеди од 70.000 до 100.000 мегавати обновлива енергија за потребите на неколку европски држави, Германија, Белгија, Данска, Норвешка, Велика Британија итн.

На овој остров, односно околу него се планира да се изградат 7.000 турбини на ветер. Енергијата која што овој остров ќе ја произведува, се очекува да ги задоволи потребите на повеќе од 80 милиони жители. Од друга страна, вештачкиот остров ќе претставува и силна врска помеѓу овие неколку европки држави. На вештачкиот остров ќе има писта или мини аеродром, пристаниште за бродови, сместувачки капацитети за вработените итн. Според пресметките, изградбата на турбините на ветер во вода, како што е во овој случај, би било поефтино и економски поисплатливо отколку истите да се изградат на копно. Сепак целиот проект, односно изградба на целиот овој остров би чинел огромна количина на средства.

Извор: TheNextWeb, Independent

Претходна статијаСтартап компанијата NIO го претстави својот беспилотен концепт
Следна статијаFacebook со регулатива забрани надзор над своите корисници