Скопје, 17.11.2017 год,  Еуролинк осигурување додели 20 стипендии на перспективни студенти од Правниот факултет,, Јустинијан Први’’ – Скопје, наменети да ги покријат трошоците за кофинансирање на студиите. За Еуролинк стипендија аплицираа студенти на додипломски и постдипломски студии од сите насоки на  Правниот факултет ,,Јустинијан Први’’.

Во свечена атмосфера, во просториите на Еуролинк осигурување, стипендиите ги додели Претседателот на Надзорен одбор на Еуролинк осигурување  Олга Костовска.

–  Продолжуваме и понатаму да инвестираме во младите и перспективни студенти, да ги поттикнеме да бидат упорни и доследни во реализирање на своите зададени животни цели, да бидат одговорни кон своите обврски, своето семејство, да ја негуваат  хуманоста во себе, а Еуролинк осигурување и понатаму ќе продолжи да биде нивна поддршка, ќе придонесува во образованието и ќе ги поддржува младите луѓе, се со цел да им се овозможи поквалитетно образование како основа за создавање на квалитетни професионалци и квалитетно општество, изјави Олга Костовска.

Активноста е дел од платформата за Корпоративно општествена одговорност,  ,,Еуролинк – Вашата врска со вистинските вредности’’.

Претходна статијаСТЕМ Академија – прво Microsoft училиште во Македонија
Следна статијаTesla Semi – футуристички електричен камион влекач кој може да помине дури 800 километри на едно полнење