Голема заинтересираност меѓу бизнис професионалците за учество на шестиот Самит Македонија2025 на кој се најавени да учествуваат 50 врвни говорници од 25 земји, 400 делегати и 50 акредитирани медиумски претставници.

На отворањето на настанот ќе се презентираат успешните економски модели на Сингапур и Ерменија преку излагањата на исклучителните Суан Хианг Ли – Претседател на Бордот за економски развој во Сингапур и Пјер Гурџијан – Партнер во ерменско-руската фондација за економски развој. Потоа ќе се дискутира за можноста тие најдобри практики да се применат во Македонија и регионот, на сесијата предводена од Зоран Мартиновски – Раководител на МФК Корпорацијата на Светската банка за Македонија и Црна Гора и Ана Арсов – Извршен директор во тимот на американските финансиски институции на „Мудис“.

Настанот стана водечка регионална платформа за споделување на последните трендови од бизнисот, лидерството и иновациите. 

Повеќе информации за самиот настан може да најдете на официјалната веб-страна – https://mk2025summit.com.

Претходна статија„Саморегулирачки магнетизирани нано честички“ може да се борат со ракот
Следна статијаЕлон Маск објави фотографии од супер брзите тунели на The Boring Company