Оваа година се одбележува десетгодишнината од фестивалот кој ги дефинира маркетинг и дигиталните трендови во регионот

Започнаа подготовките за десеттото јубилејно издание на Викенд Медиа Фестивал. Најголемиот комуникациски фестивал во Југоисточна Европа оваа година ќе се одржува од 21 септември до 24 септември во старата фабрика за тутун во Ровињ под генералното покровителство на Адрис Груп.

Во изминатите десет години, фестивалот има угостено повеќе од 45.000 учесници: 1.000 говорници, 35.000 медиуми, маркетинг и ПР експерти, 3.500 студенти и 5.000 акредитирани новинари од регионот. Првиот фестивал ги најави и некои од топ трендовите, како што се мобилното рекламирање, native рекламирање, дигитализација, programmatic и blockchain технологија.

“Десеттгодишнината значи дека ние нaправивме одлична работа, но тоа, исто така, е голем предизвик. Очекуваме ова десеттото издание да биде вистински пресврт, и ние подготвуваме нешто навистина посебно со навистина високи стандарди, нешто што сите посетителите ќе може да го видат во изгледот и содржината “, изјави Томо Рицов, директор на Викенд Медиа Фестивал.

Во текот на изминатите десет години, Викенд Медиа Фестивал се позиционира себеси како главно место каде што се претставуваат новите комуникациски трендови, технолошките иновации и револуционерни технологии, како и клучни „buzzwords“ од страна на многу експерти и реномирани предавачи од светот на бизнисот. „Низ изминатите десет години, секоја се имаме менувано, а Weekend стануваше се подобар. Започна како медиумски-маркетингшки фестивал, а сега е фестивал на бизнисот, технологијата и креативноста кои ги вклучуваат медиумите и маркетингот. За десеттата годишнина спремаме подобар и позначаен програм со уште повеќе исчекори и сигурен сум дека сите ќе бидат воодушевени“ – ветува Никола Врдољак, програмскиот директор на Weekend.

Weekend Media Festival во текот на последните десет години стана синоним за опуштено место на кое се собираат бројни комуникациски и маркетиншки стручњаци, а исто така сите кои сакаат да ги обноваат своите деловни познанства и да стекнат нови, да слушнат за трендовите во бизнисот, а и одлично да се забавуваат.

Weekend не е резервиран само за предавања и дискусии, туку е и место на најпознатите забави и нетворкинг настани кои оваа година ќе бидат подигнати на ново ниво. На опуштената атмосфера на фестивалот ќе придонесат добро осмислениот музички програм кој отсекогаш бил еден од неговите најсилни адути, а така ќе биде и оваа година. Со него ќе се прослави десетгодишнината на фестивалот, а факторите на изненадувања нема да недостасуваат.

Претходна статија5то јубилејно издание на NASA Space Apps Challenge
Следна статијаНова батерија се полни со светло, но нема потреба од соларни панели