Минатата недела можевме да прочитаме дека кинеската компанија ZTE ќе престане со работа поради забраната од страна на САД за извоз кон оваа компанија. Поради тоа што работата на компанијата во голем дел зависи од американски производи, тие нема да можат да продолжат да работат.

Две американски компании од кој ZTE има голема зависност се Qualcomm, познатиот производител на чипови, како и Google за Android, поточно лиценцирање на Play Store од каде може да се инсталираат апликациите на компанијата.

Причината за забраната за извоз кон ZTE е продажбата на опрема на Иран и Северна Кореа со американски делови во неа.

Подоцна, во изјава која може слободно да се каже дека ги изненади повеќето, претседателот Доналд Трамп најави дека работи со кинескиот претседател Ши Џинпинг за изнаоѓање на решение за проблемот.

Ова Трамп го најави преку неговиот Twitter профил, каде што исто така истакна дека премногу работни места се изгубени во Кина и дека го има задолжено секторот за трговија да ја заврши работата.

Која е причината за ваквата промена во односите не е познато, меѓутоа со оглед на „тензиите“ помеѓу Кина и САД, возможни се договори на претседателско ниво.

ИЗВОРPhoneDog
ИЗВОР 2Axios
Претходна статијаГолем 3×3 баскет турнир во Скопје Сити Мол
Следна статијаGoogle ќе претстави паметен часовник под Pixel брендот?
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.