Бритиш Американ Тобако – БАТ (British American Tobacco – BAT) го најави новото, глобално партнерство со автомобилската групација МекЛарен (McLaren) во чии рамки ќе соработуваат за развој на напредна технологија и иновации насочени кон креирање портфолио составено од производи со потенцијал за намалување на ризикот (Potentially Reduced Risk Products – PRRPs), област во која БАТ е водечка компанија во светот.

Повеќегодишното партнерство е фокусирано кон забрзување на трансформацијата на тутунскиот бизнис. Во рамките на оваа трансформација БАТ посветено работи на креирање пошироко портфолио на производи со потенцијално намален ризик, со цел да им овозможи “A better tomorrow” (“подобро утре”) на своите корисници. 

Дел од ова партнерство се однесува на соработката на БАТ со компанијата МекЛарен Применети Технологии (McLaren Applied Technologies), првенствено во развојот на батерии, напредни материјали и дизајн на производи. Двете компании ќе ги развиваат и ќе ги споделуваат своите најдобри практики, индустриско знаење, искуство во производните процеси и иновациите. 

Партнерството со МекЛарен ќе придонесе за побрзо остварување на амбициите на БАТ за трансформирање на тутунскиот бизнис во насока да им овозможи на потрошувачите помалку ризични тутунски и никотински производи. 

Ова партнерство ги обединува двете компании преку нивната заедничка страст за технологија, иновација и дизајн, како и јасната желба преку сопствените бизниси да допринесат за суштински значајни промени. 

Како глобален партнер на МекЛарен Формула Еден (McLaren Formula One), БАТ ќе биде присутен во текот на целата сезона – на самите болиди и во рамки на други позиции, согласно важечките регулативи и закони. Дополнително, на 14 февруари, во рамки на настанот на кои ќе бидат претставени новите МекЛарен болиди за 2019 година, БАТ ќе ја претстави својата нова платформа – “A Better Tomorrow” (“Подобро утре”). 

Коментирајќи го ова партнерство, Кингсли Витон (Kingsley Wheaton), Извршен директор за маркетинг на Бритиш Американ Тобако, изјави:

“Навистина се гордееме и сме возбудени за ова ново партнерство кое овозможува дополнително да го забрзаме процесот на трансформација на компанијата и темпото на иновативноста. На ова партнерство гледаме како на вистинска глобална платформа која дополнително ќе ги нагласи нашите производи со потенцијал за намалување на ризикот, а кои ги развиваме под брендовите ‘Vype’, ‘Vuse’ и ‘glo’. Иновациите и технологиите ќе ја поддржат визијата на БАТ за креирање на “подобро утре“ за нашите корисници ширум светот“. 

Жак Браун (Zak Brown), Извршен директор на МекЛарен Рејсинг (McLaren Racing) изјави:

“Го поздравуваме приклучувањето на БАТ во МекЛарен тимот и ја поддржуваме нивната амбиција за креирање значајни и долготрајни промени реализирани преку иновации. Трансформацијата на БАТ е во фокусот на ова партнерство и сме задоволни што со своето искуство и експертиза можеме да ги поддржиме и да им помогнеме во реализацијата на нивните идеи и замисли.” 

За Бритиш Американ Тобако

Бритиш Американ Тобако е една од водечките мултинационални тутунски компании на глобално ниво, со повеќе од 200 сопствени брендови, присутни на скоро сите пазари во светот. Директно вработува околу 60.000 лица, а продава 667 милијарди цигари кои се произведуваат во 45 фабрики во 42 земји. Нивното стратешко портфолио е составено од глобални брендови и се поголем број на производи со потенцијал за намалување на ризик, како електронски цигари, несогорливи тутунски производи, тутун за орална употреба и различни никотински производи. 

Производите на БАТ со потенцијал за намалување на ризикот моментално се достапни на 28 пазари ширум светот, број кој континуирано расте и се зголемува. Пазарната вредност на Компанијата изнесува околу 61,7 милијарди британски фунти.

Во 2015 година Бритиш Американ Тобако го зацврсти своето присуство во Македонија преку една од најголемите аквизиции во регионот, аквизицијата на ТДР. Аквизицијата беше клучна за воспоставување на одржлива платформа за развој на бизнисот во Македонија. Доближувајќи ги најиновативните и најквалитетните производи преку најпопуларните светски брендови на цигари, како “Lucky Strike“, “Rothmans“ и “Pall Mall“, Бритиш Американ Тобако во Македонија и понатаму успешно ја реализира глобалната бизнис агенда на Компанијата.

Претходна статијаДетална листа со спецификации на Galaxy S10 пуштена неофицијално
Следна статијаСкопје Сити Мол постави полнач за електрични автомобили во својот паркинг простор