Министерството за транспорт на Британија ја разгледува можноста за користење на нова технологија која би го блокирала сигналот на мобилните телефони додека се наоѓаат во автомобил кој се движи.

За таа цел тие планираат состанок со мобилните оператори, како и производителите на автомобили, по што би се донела одлука за имплементација на оваа мерка.

Не успеавме да најдеме каква е таа нова технологија којашто ќе го блокира сигналот, како и дали тоа значи дека сите во автомобилот нема да можат да ги користат своите мобилни, а не само возачот.

Причината за размислувањето да се воведе една ваква мерка е огромниот процент на возачи кои ги користат своите мобилни телефони при возење, што значително ја загрозува безбедноста во сообраќајот.

Властите во Британија сметаат дека користењето на мобилните телефони во автомобил треба да се смета за неприфатливо исто како што е случајот со не носењето на ремен или возењето во алкохолизирана состојба.

За намалување на оваа појава, казните за користење на мобилен при возење се значително зголемени, но властите сепак ја разгледуваат и дополнителната можност која нема да зависи од желбата на луѓето.

Извор: Independent, Mirror

Претходна статијаSamsung ќе произведува 100 милиони свитливи OLED дисплеи за iPhone 8
Следна статијаFacebook Messenger доби можност за групни видео разговори
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.