Boring Company
Фото: The Boring Company

The Boring Company која е во сопственост на магнатот Елон Маск и во минатото беше препознатлива по дејноста копање тунели, претстави малку поинаков производ. Се работи за пламенофрлач кој ќе чини 500$ доколку го нарачате во претпродажба.

Great for roasting nuts :fire: ?

A post shared by Elon Musk (@elonmusk) on

Од компанијата велат дека тоа е најбезбедниот пламенофрлач комерцијално достапен. Колку и самите се уверени во истото кажува фактот дека со доплата од 30$ продаваат и брендиран апарат за гаснење. Во Boring Company на „лагер“ имаат 2 000 примероци и истите се потполно легални.

Зошто токму ваков производ? Ќе се запраша секој нормален човек, ако се знае дека компанијата беше основана за да се насочи кон изнаоѓање сообраќајни решенија. Самото име на компанијата вели дека копање е нивната примарна дејност. Првиот човек на Boring Company најави дека истата ќе донесе револуција во начинот на транспорт со копање подземни тунели. Но, она по што јавноста ја запамети беше продажбата на бејзбол капчиња со сопственото лого.

Се прашувате како е возможно пламенофрлач да биде легален? Имајте на ум дека законите во САД се малку поспецифични кога се работи за оружје. Бирото за алкохол, цигари и оружје на САД вели дека пламенофрлачи се сосема безбедни. Под услов огнот да има домет помал од 10 стапки(3 метри).

Нормално, кој би успеал да се повреди или да спали нешто во радиус од само 3 метри…

Извори: Engadget, Cnet

Претходна статијаGalaxy S9 ќе може да се отклучува со нов систем комбинација од скенерот на ирисот и лицето
Следна статијаПромени во ЗБСП што се однесуваат за возачите кои имаат над 65 години