Blokverse е спин-оф компанија основана од Netcetera, која што на пазарот ја воведе платформата Attainr. Attainr е безбедна и сеопфатна платформа за управување со образовни акредитиви. Платформата ги адресира предизвиците во областа на образованието со придобивки од децентрализираниот пристап: сигурно и неманипулативно издавање дигитални акредитиви, кои потоа можат лесно да бидат верификувани од неутрални страни. Attainr ги покрива сите овие аспекти: безбедно креирање и издавање акредитиви за образовните институции, целосна контрола на прогресот на нивните корисници и едноставно верификување од страна на вклучените страни.

Netcetera гледа огромен потенцијал во децентрализираниот пристап кон процесирање, валидирање и автентикација на транскациите. Тоа овозможува дистрибуција на податоците помеѓу сите страни во системот, наместо само помеѓу учесниците во трансакцијата. Овие својства на DLT се одлични за образовната филозофија на доживотно учење.

Бенефиции од DLT

„DLT е актуелна тема во изминативе години и сите зборуваат за тоа. Ние всушност имплементиравме платформа којашто во реално време ги адресира моменталните потреби и бенефиции од карактеристиките на DLT, како што се непроменливоста и децентрализацијата. Со лансирањето на спин-офот Blokverse, ние ги фокусираме нашите активности кон оваа област со дедицирана компанија“ – изјави Андреј Вчковски, CEO на Netcetera.

Владимир Симјаноски, ко-основач на Blokverse и поранешен член на менаџерскиот тим на Netcetera вели: „Веруваме дека соодветно аплицирање на технологиите базирани на дистрибуирани податоци – DLT (и блокчеин, поконкретно) има голем потенцијал за значајно социо-економско влијание. Во следните неколку месеци, ние ќе ја лансираме нашата Attainr платформа за управување со дигитални образовни акредитиви. Користејќи ги придобивките од децентрализираниот пристап, Attainr ги адресира предизвиците кои долго време се провлекуваат низ образовниот систем: сигурно и неманипулативно издавање дигитални акредитиви, кои потоа можат лесно да бидат верификувани од неутрални страни. Ние сме возбудени да придонесеме во широката понуда која ја обезбедуваат компаниите во Netcetera групацијата.“

Игор Симјаноски, ко-основач и CTO на Blokverse додава: „Ние сериозно разгледуваме неколку различни блокчеин решенија: од јавни до оние кои се базирани на пермисии, земајќи ги во предвид економските и технолошките импликации. Конкретниот контекст ги диктира барањата и нѐ води во пристапот што го користиме. Нашата цел е да доставиме флексибилна платформа врз отворените стандарди која ќе работи во различни околности.“

https://blokverse.com/

https://www.linkedin.com/company/blokverse/

Претходна статијаNokia се враќа на сцената преку пазарите на Блискиот Исток
Следна статија„Биохакинг“ и „Блокчејн“: иднината на само-подобрувањето