BitTorrent Inc. е сопственик на најпознатите Torrent клиенти, истоимениот BitTorrent и можеби уште повеќе познатиот којшто беше купен од страна на оваа компанија, uTorrent. Компанијата го прошири своето работење со нудење на дополнителни решенија, како софтвер за синхронизација на податоци без потреба од „облакот“, како и сервис за видео и музика.

Сепак, работата не оваа компанија не одеше успешно како што би се очекувало, па веќе одреден период има информации дека се бара купувач за целосна продажба на компанијата и нејзините сервиси и производи.

Според се’ уште непотврдени информации, компанијата има најдено купувач со којшто е договорена сума од 140 милиони долари. Се работи за Џастин Сан којшто е познат по својата работа со блокчејн технологијата.

Поради ова и не е чудно да тој се интересира за купување на компанија која веќе одамна работи со протокол кој овозможува еден вид на децентрализирана работа на корисниците. Блокчејн технологијата, иако не е баш иста со torrent протоколот, може да се каже дека имаат доста сличности, а посебно целта.

Причината која исто така се наведува за мотивацијата за купување на BitTorrent е обидот за „легализирање“ на сервисот Tron на Џастин Сан којшто е поврзан со одредени контроверзии, како и користење на BitTorrent протоколот и апликациите за „копање“ на крипто валути.

По огромната популарност на BitTorrent повеќе години, може да се каже дека достапноста на други апликации, како и стриминг сервиси, направи да падне процентот на корисници на апликациите од компанијата. Кога на тоа ќе се додаде дека новите сервиси не успеаја да се пробијат на пазарот, продажбата на компанијата е логичен чекор.

ИЗВОРTechCrunch
ИЗВОР 2gHacks
Претходна статијаОтворена веб-страница со совети за правно зајакнување на граѓаните
Следна статијаOppo Find X е смартфон со екран скоро на целата предна страна, без исечок, 8 GB RAM и камери кои излегуваат од уредот
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.