Screenshot 2014-05-15 11.11.25

Game of Thrones е популарна серија која што сигурно голем дел од вас ја следат. Нејзин автор е George R.R. Martin кој што на американско talk шоу изјави дека пишувањето го прави на стар компјутер кој што работи на DOS оперативниот систем и WordStar 4 програма од 70-тите за пишување. Чисто за потсетување, DOS оперативниот систем нема кориснички интерфејс и целата работа се извршува преку тастатурата на обичен екран со црна позадина и бели букви.

Сепак авторот има и друг компјутер кој што го користи за сурфање на интернет, а компјутерот на кој што ги пишува сериите, не е поврзан на интернет и поради тоа е сигурен дека нема да закачи некој вирус или некој да му ја украде или уништи работата. Што се однесува до самото пишување на компјутерот, тој изјавува дека не му се потребни никои од денешните функции на модерните програми, како Word. Не сака програма која што самата ги прави буквите големи на почетокот од реченицата, не сака програми кои што му ги поправаат напишаните зборови и слично.

Во продолжение можете да го погледнете видеото во кое што George R.R. Martin ја објаснува оваа интересна приказна.

Претходна статијаHTC го претстави One mini 2, помалата верзија од најновиот главен модел
Следна статијаXiaomi го претстави Mi Pad, својот прв таблет компјутер
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.