Einfaches RGB

AV-Test.org е меѓународен и независен институт кој работи во областа на IT безбедноста, поточно во тестирање на достапниот антивирус софтвер и софтвер на безбедносни пакети за Windows и Android оперативните системи. Институтот е од Германија и има лаборатории во Magdeburg и Leipzig, а во него се вработени 30 IT специјалисти.

До сега овој институт најмногу вршеше тестирање на безбедносниот софтвер за верзиите пред Windows 8, што е разбирливо со оглед на фактот дека оваа верзија сеуште е помалку користена од корисниците, а тестовите за оваа верзија беа во помал број. Тука е и поновата верзија 8.1 која што исто така има мал процент на корисници. Сепак бројот на корисници на Windows 8.1 расте и ќе продолжи да расте, па AV-Test ги претставија резултатите за тестираните програми за безбедност на оваа верзија на Windows.

Според резултатите, безбедносниот софтвер кој што се има покажано како најдобар на другите верзии на Windows, се има покажано исто така и на Windows 8.1. Тестот е направен на листа од 24 програми во нивната Пакет верзија (Security Suite), односно покрај антивирус заштита, нудат и Firewall заштита и дополнителни функции. Времето кога е направен тестот е Ноември/Декември 2013. Истиот ги оценува програмите врз основа на три категории: заштита, перформанси и употребливост.

Тестирањето на степенот на заштита вклучува тестирање на:

  • Заштита против 0-day напади со малициозен софтвер, вклучувајќи веб и email закани
  • Откривање на широко распространет малициозен софтвер откриен во последните 4 недели

Тестирањето на степенот на перформанси вклучува тестирање на:

  • Употребени случаи: посета на веб сајтови, симнување на софтвер, инсталирање и користење програми и копирање на податоци

Тестирањето на степенот на употребливост вклучува тестирање на:

  • Лажни предупредувања или блокади при посета на веб страни
  • Лажни детекции на легитимен софтвер како малициозен софтвер за време на скенирање на системот
  • Лажни предупредувања поврзани со одредени дејствија извршени за време на инсталирање и користење на легитимен софтвер
  • Лажни блокадите на определени дејствија извршени за време на инсталирање и користење на легитимен софтвер

Како најдобар се има покажано BitDefender Internet Security 2014 програмот, кој што веќе неколку години е прогласуван за најдобар безбедносен пакет програм, како и Kaspersky Internet Security 2014. Она што е интересно е резултатот на вградениот Windows Defender 4.3, според кој оваа програма овозможува само основна заштита и не е доволна за користење од недоволно искусни корисници.

На следната слика можете да ги погледнете овие 24 програми подредени според степенот на заштита. Истите се подредени според азбучен ред за програмите со ист степен на заштита.

[showcase id=”3816″]

Претходна статија30 години од претставувањето на Macintosh
Следна статијаКако би изгледал Nokia телефон со Android OS
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.