Shutterstock.com

Забраната за соработка со Huawei од страна на американските компании поради ставањето на листа со земји кои ја загрозуваат националната безбедност на САД се покажува дека ќе биде посериозно од нешто за кое само неколку дена ќе прочитаме и толку.

Веќе можевме да прочитаме дека Google ќе ја прекине соработката со што Huawei нема да има пристап до апликациите и сервисите од Google во Android системот, меѓу кои и Play Store, а тука се и други компании кои нема да можат веќе да соработуваат, како Microsoft и слични.

Иако Министерството за трговија на САД издаде привремена лиценца на Huawei со која соработката на компаниите ќе може да продолжи, со важност до крајот на август, сепак проблемите за компанијата продолжуваат.

ARM, британската компанија која е една од најпознатите во светот по дизајнирање на чипови за мобилните и слични уреди, најави дека ја прекинува соработката со Huawei. Не е познато дали врз оваа компанија е извршен притисок за да ја донесе одлуката или тие само претпазливо настапуваат поради зависноста од американска технологија во нивната работа.

Без соработката со ARM, Huawei ќе има проблеми при правењето на нивните Kirin чипови кои сепак зависат од дизајнот направен од ARM, но и од дополнителни американски технологии.

Huawei сепак веќе одреден период размислува за вакво сценарио, па имаше најава дека тие работат на сопствен оперативен систем којшто би го користеле доколку дојде до вакво нешто. Сигурно дека тие имаат и некаква алтернативи и за хардвер делот, но останува заклучокот дека доколку оваа одлука од САД остане, ќе бидат нанесени големи штети на компанијата која скоро и го освои светот.

Оставете коментар

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.