apple-invite-oct-16-14

Како што можеше да се наслушне во изминатите недели, Apple денеска официјално започна со испраќање на покани за настан кој што ќе се одржи на 16-ти Октомври. Се разбира, поканата не открива ништо во врска со настанот, па се што може да се види на неа е реченицата „It’s been way too long“, односно Помина премногу време.

Од неофицијалните информации кои што се веќе нормален и очекуван дел од претставувањата на производи и сервиси од страна на IT компаниите, се очекува Apple да претстави нова генерација на iPad, нови модели од iMac компјутерите, а можно е и пуштање на финалната верзија од OS X Yosemite.

Од неофицијалните слики, пуштени во јавноста од страна на виетнамскиот протекувач на информации Tinhte.vm, може да се види дека новиот уред ќе биде уште потенок од неговиот претходник, а се гледаат и одредени преместувања на одредени копчиња од страните. Исто така, се очекува новиот iPad да вклучува и копче со сензор за отисоци од прсти. Доколку подобро се погледне може да се види дека Apple и во овој случај ќе оди со новиот стил на дизајн на уредите кои што го користат во новите iPhone 6 модели.

2608944_iPad_Air_2-7

Настанот ќе се одржи идниот четврток, а се разбира на нашиот портал ќе можете да ги добиете сите потребни информации.

Извор: The Verge, Engadget

Претходна статијаНова технологија овозможува старите DVD дискови да носат 1000 терабајти
Следна статијаMarkO ќе ве потсети на вистинското место, во вистинското време
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.