Oliur Rahman / Unsplash

Судските „битки“ помеѓу двата најголемите производители на паметни телефони им е добро позната на повеќето. Истата се одвива по американските судови веќе скоро седум години, па конечно истата добива завршеток.

Како и пред седум години, одлуката е во корист на Apple, односно одлуката потврдува дека Samsung има повредено одредени пронајдоци од Apple кои вклучуваат патенти и трговски марки поврзани со дизајнот на iPhone.

Во основа се работи за познатата тужба која тврди дека Samsung со одредени свои модели го копира iPhone, односно неговите постари модели.

Судската одлука уште на почетокот беше во корист на Apple, меѓутоа бутката понатаму се води за висината на сумата која Samsung треба да ја исплати. Поточно, судските битки се водат околу тоа дали на Apple им следува отштета во целосната вредност на еден телефон или само делот којшто е предмет на повреда.

Случајот во одреден период стига и до американскиот врховен суд, по што е вратен назад во пониските федерални судови. Одлуката на крајот завршува на сума од скоро 539 милиони долари кои Samsung ќе треба да ги плати на Apple.

После враќањето на случајот во пониските судови, судењето до финалната одлука трае од декември 2016 година. На одлуката имаат влијаено повеќе фактори кои на крај донесуваат до тоа да ниту сумата на Apple, ниту на Samsung е конечна, односно доделената сума на некаде измеѓу.

Од Apple по донесувањето на одлуката истакнаа: „Факт е дека Samsung очигледно го копираше нашиот дизајн. Балгодарни сме на поротата за нивната работа и задоволни сме што тие се сложија дека Samsung треба да плати за копирањето на нашите производи.“

ИЗВОР 2VB
Претходна статијаBlackBerry KEY2 ќе има двојна камера и подобрена физичка тастатура
Следна статијаАвтономното Uber возило кое прегази пешак, истиот го има забележано 6 секунди пред ударот
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.