Shutterstock.com

Apple е компанија која е позната по тоа што сака да е во контрола на нивниот екосистем, односно да корисниците имаат најголема користи од користењето на нивните производи доколку не користат само еден производ, туку повеќе, во комбинација со нивните сервиси.

Нешто што може да им овозможи на уредите од Apple дополнителна независност е развојот на посебна мрежа преку која ќе може да комуницираат овие уреди, без разлика од поврзаноста со интернет мрежата, како и мобилните оператори.

Според извори на Bloomberg кои остануваат анонимни, Apple работи токму на развој на една ваква мрежа. Истата би била составена од сопствени сателити, моментално не е познато колку на број, кои би овозможиле комуникација на сите Apple уреди независно од интернет мрежата.

Ваквата поврзаност на уредите, според информациите, би овозможила комуникација и испраќање на информации без потреба од мобилните оператори, а исто така се истакнува дека Apple на овој начин ќе може попрецизно да ја следи локацијата на уредите и да го унапреди корисничкото искуство на нивните мапи.

Проектот е предводен од двајца поранешни вработени во компанијата Skybox Imaging која беше купена од страна на Google во 2014. Нивната работа на проектот била забележана и одобрена од страна на Тим Кук, а се најавува дека резултати може да се очекуваат во наредните 5 години.

Со оглед на големиот период којшто е оставен за развој, може да се очекува дека овој проект никогаш и нема официјално да биде пуштен. Тоа посебно може да се земе како опција кога ќе се земе во предвид колку е сложено и скапо да се развијат, произведат и пуштат во орбитата сателити.

Постои и можноста Apple да користи сателити произведени и одржувани од друга компанија, но тоа би се решило доколку проектот дојде до таква фаза за да треба да се размислува за тоа.

ИЗВОРBloomberg
ИЗВОР 2TechRadar
Претходна статијаПредлог филм кој вреди да се гледа – Јастогот
Следна статијаНајдобриот подарок за празниците е љубов и среќа
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.