Apple
Apple

Тим Кук, директорот на Apple, веќе најави дека од компанијата имаат пад на продажбата на iPhone и поради тоа се очекува пад на приходите на компанијата. Досега тоа беше само во форма на најава, а сега Apple ги објави официјалните финансиски извештаи, па ги имаме и точните бројки.

Извештаите се однесуваат на првиот квартал од 2019, што во случајот со Apple се вклучени и празниците, односно дел од крајот на 2018 година.

Вкупниот пад на приходите на компанијата изнесува 5%, а тоа во главно се должи на падот на продажбата на iPhone за дури 15%.

Останатите производи од компанијата бележат раст на продажбата, па така приходите од iPad се зголемени за 17%, од Mac за 9%, додека од уреди за носење и уреди за паметен дом има раст од дури 33%.

Како што веќе пишувавме, падот на продажбата на iPhone, а истото е објаснето и во извештајот, се должи на неколку фактори.

Голем пад на продажбите на iPhone има на кинескиот пазар каде кинеските конкуренти имаат многу популарни и доста поевтини уреди.

Исто така, помалиот број на телефони кои се продаваат по пониска цена на договор преку оператор во САД, како и вредноста на доларот, има влијаено за помалата продажба на телефоните од Apple.

Уште еден фактор кој посебно се истакнуваше, а е спомнат во извештајот, е помалиот број на корисници на iPhone кои се решиле да купат понов модел. Тоа е поради можноста за замена на батеријата за 29 долари, по откритието дека Apple софтверски ги намалува перформансите кај iPhone по застарување на батеријата.

Повеќе детали за извештаите, доколку ве интересираат, можете да најдете на овој линк.

ИЗВОРThe Verge
Претходна статијаHuawei: Ниту компанијата, ниту наша подружница, нема направено било кое од наведените кршења на американските закони
Следна статијаSamsung купува израелска компанија која работи во областа на мобилните камери?
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.