Едни од позначајните новости за оваа 2018 година се новитетите на Apple. Од нови iPhone-и, па се’ до надградени iPad-и, тие годинава навистина имаат што да понудат. Во игра се вклучени разни необјавени продукти и функционалности – како новиот стилус, часовникот со надградени атрибути и слично.

Новата цел на Apple оваа година е да се пласира продукт кој би бил уште подостапен за купувачите. Со оглед на тоа дека Apple е препознатлив по скапите уреди, ова  е тенденциозен чекор за освојување на поширокиот пазар. Очекувано е годинава да го надминат минатогодишниот износ на 322 милиони продадени уреди.

Со iPhone Plus моделот, телефоните со големи димензии се враќаат повторно во игра. Според повеќето проверени извори, новиот Plus модел на Apple ќе биде дури цел инч поголем од претходниот. Значи, ќе биде најголемиот Plus модел на Apple досега.

Се претпоставува дека еден од телефоните може да има LCD екран од едниот до другиот раб. Покрај ова, планирано е да има и сензор за отпечатоци кој ќе функционира при допир, како и фацијално препознавање. Ваквите функционалности се предвидува кое да чинат помеѓу 649 и 749 долари.

При издавањето на новите iPad Pro модели би се објавил и новиот стилус – пенкало на Apple. Истовремено, новиот Apple часовник би добил дополнителни корисни додатоци за здравјето. Тоа би биле срцевиот монитор за ЕКГ, како и сензорот за детекција на гликоза кој би служел воедно и за дијабетичен мониторинг и терапија.

Инаку, веќе извесно време се спомнува дека постои можност Apple да ги препродава своите стари модели на пазарите во развој.

И повторно, најважното за Apple се подобрите производи и поголем профит.

Очекувано е презентацијата на новитетите да се случи наесен – во стандардниот предвиден термин за конференции. Јасно е, големите компании како Apple неуморно се натпреваруваат да го освојат вниманието на купувачите. Останува да видиме како ќе се одвиваат работите во иднина.

Претходна статијаLG G7 забележан на саемот во Барселона
Следна статија4G интернет на Месечината – да се биде или не?