Memoji се нова функција во iOS 12 достапна само за iPhone X, која им овозможува на корисниците да направи Emoji слика од себе, избирајќи од поголем избор на лице, боја на кожа, коса и слично.

По повод денот на Emoji иконите, Apple ги замени сликите од директорите кои се поставени на нивната страна, со Memoji слики направени да личат што повеќе на нив.

Од сликите интересно е да се види како некој од нив навистина потсетуваат на „оригиналот“, меѓутоа некои од нив изгледа не било баш лесно да се погодат.

Инаку, оваа функција станува исто така популарна кај поновите смартфони од високата класа, па исто така слична функција е достапна за корисниците на Galaxy S9, но не и за постарите модели.

Претходна статијаIBM ќе ја користи вештачката интелигенција на Watson за проценка на идните перформанси на нивните вработени
Следна статијаСлика за медиумите го прикажува официјалниот изглед на Galaxy Note 9
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.