Компанијата Apple веќе одредено време работи на развој на производи за медицинска намена. Дотолку што во компанијата е организиран посебен дел кој е посветен токму на технологија која би била во служба на медицината. Во таа насока се шпекулира дека наскоро би можеле да бидат отворени и првите специјализирани болници во сопственост на Apple.

Според кажувањата на CNBC, болниците ќе оперираат под франшизата на AC Wellness и ќе бидат во целосна сопственост на Apple. Болниците ќе бидат наменети за да им пружаат врвна медицинска заштита на вработените во компанијата. Со истиот процес, ќе се тестираат и новите технологии кои тие ги развиваат, а кои не се комерцијално достапни. Практично, затскриено зад филантропијата, Apple од своите вработени создава лабораториски заморчиња.

Два објекти се веќе во изградба, едниот лоциран во самиот кампус, а другиот во близина на гратчето Санта Клара. Изворите велат дека се работи за вистински ремек дела во архитектонска смисла и дека во нив ќе се најде најсовремената медицинска опрема, како и нови комерцијално непознати технологии. Во болниците ќе можат да се лечат и да примаат грижа вработени во компанијата и нивни блиски. Во сопствениот опис, AC Wellnes вели дека нуди „исклучителни здравствени придобивки“.

Веста доаѓа со доза на мистерија зад целиот проект и половично откривајќи ја целосната приказна. Нејасно е како законски би било регулирано ваквото тестирање на технологија врз луѓе. Особено доколку се земе во превид дека истото се работи во медицински цели. За почеток сето ова е дискутабилно од перспектива на медицинската етика. Но, знаејќи ја општествената улога на компании од рангот на Apple и нивните лобирачки способности, не би требало да чуди сето тоа да помине „мазно“ и без преголема медиумска помпа.

ИЗВОРVenture Beat
ИЗВОР 2CNBC
Претходна статијаКаков трик за заработка: Бугари го олеснија Spotify за милион
Следна статијаСофистицираност, иновативност и елеганција на првиот „The GENTLEMEN’S EXPO“