iphone_6_and_6_plus_rear_camera_hero

Судските спорови кои што се водат помеѓу овие две компании се веќе добро познати на јавност и се причина за размислување дали системот на патентирање функционира како што е замислен.

Во овој случај се работи за тужба поднесена од страна на Apple за прекршување на повеќе патенти поврзани со дизајните кои што се користат во одредени Samsung производи. Во 2012 година, по неколку промени на одлуката, Apple го добива спорот со финални 930 милиони долари кои што Samsung треба да им ги исплати.

Како и што би се очекувало, одлуката е обжалена пред апелациониот суд во САД, а одлуката од овој суд е донесена оваа недела.

Апелациониот суд ја потврдува одлуката, но само дел од неа. Поточно, тие ја враќаат на повторно разгледување одлуката за исплата на 382 милиони долари која што се однесува на начинот на пакување и презентирање на уредите.

Судот одлучил дека не може никој целосно да го заштити изгледот на телефоните, посебно кога се работи за одредени делови поврзани со функционалноста. Тоа значи дека не може Samsung да биде казнет зошто користи заоблени рабови на нивните уреди и слично.

Одлуката со ова е вратена на повторно одлучување во понискиот суд кој што ќе видиме на кој начин ќе одлучи овој пат. Samsung сепак ќе треба да плати огромна сума, меѓутоа сега истата е прилично намалена.

Од Apple ја поздравуваат одлуката на апелациониот суд и истакнуваат дека победата не е само за парите, туку за заштита на работата која што тие ја прават.

Ние сме задоволни што Федералниот Апелационен Суд потврди дека Samsung очигледно ги има копирано нашите производи. Ова е победа за дизајнот и тие кои што го почитуваат. Иако Samsung треба да плати за нивното широко прекршување на нашите патенти, овој случај секогаш бил за повеќе од пари. Се работи за иновативноста и тешката работа која што оди во измислувањето на производите кои што луѓето ги сакаат, а на тоа е тешко да се стави цена.

Извор: Cnet, Reuters

Претходна статијаИстражувачки авион влетал во облак од антиматерија
Следна статијаКурганец 25 – Руско оклопно возило кое се управува со џојстик налик Playstation
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.