Amazon vs Google
Фото: CloudAcademy
Amazon vs Google
Фото: CloudAcademy

Спрегата помеѓу Amazon и Google која настана поради повлекувањето на популарниот сервис YouTube од Amazon-овиот уред Echo Show се чини дека кулминира.

Како контра мерка на повлекувањето, Amazon се реши да поднесе две барања за лиценца врз имиња. Според имињата врз кои компанијата претендира, јасно е дека се работи за апликација која би му парирала на популарниот YouTube.

Ни малку суптилно од страна на Amazon, се работи за имињата „AmazonTube“ и „OpenTube“. Доколку овој проект заживее, всушност апликациите како Vimeo ќе добијат сериозна конкуренција, повеќе одошто YouTube ќе биде загрозен.

Според барањето кое е поднесено до Канцеларијата за патенти и брендирање на САД, OpenTube или AmazonTube би ги нудел следниве услуги:
-„Ќе им овозможи на корисниците пристап до аудио, видео и аудио-визуелни содржини. Без можност истите да бидат превземени, а на теми од најразличен вид“ Без сомнение се работи за идентичен сервис.

Реално гледано, Amazon не се наоѓа во ситуација да му претставува закана на етаблиран бренд како YouTube. Ваквите потези се повеќе од дипломатски карактер да се искаже незадоволството од конкурентската „не фер“ политика.

Извори: TechRadar, The Verge

Претходна статијаMagic Leap ги претстави долгоочекуваните очила за проширена реалност
Следна статијаМАСИТ ја обедини ИКТ заедницата во хуманитарен проект: Донација вредна милион насмевки